Кога раперот B.O.B., познат по хит песната „Airplanes“, почнал да зборува на Твитер дека Земјата е рамна, користејќи го своето влијание на еден екстремно штетен начин, Ник Деграс Тајсон едноставно не можел да седи мирно и само да набљудува како луѓето паѓаат под влијание на овие глупости. Во тој момент војната помеѓу нив двајца започнала!

Но, сакајќи конечно да стави крај на погрешните тврдења на раперот, го направил ова одлично видео кое мора да признаам дека не само што ме изнасмеа, туку и ме натера да го засакам уште повеќе од претходно. Најдобриот момент: Демонстрација за начинот на кој работи гравитацијата. Бесценето!