Психологија

Зошто не можете да се ослободите од лошите навики, дури и кога силно го посакувате тоа?

Со оглед на тоа што помина само 1 месец од новата година, воопшто не е чудно што веќе сте почнале да се борите со одлуките кои сте ги донеле за годинава (ако тие се сè уште во игра!).

Зошто не можете да се ослободите од лошите навики, дури и кога силно го посакувате тоа?

Со оглед на тоа што помина само 1 месец од новата година, воопшто не е чудно што веќе сте почнале да се борите со одлуките кои сте ги донеле за годинава (ако тие се сè уште во игра!). Интересно е што неуспехот на овие планови е толку висок, со оглед на тоа колку искрена мотивација сме имале за промена. Без разлика дали станува збор за откажување од цигарите, намалување на брзата храна или престанување со грицкање нокти, многу е тешко да се надминат овие лоши навики, дури и кога знаеме тоа е правилната одлука за нас.

Научниците од Универзитетот Дјук објавиле студија со која истражувале зошто е толку тешко да ги отфрлиме лошите навики. Преку разбирањето за она што се случува невролошки, научниците дошле до нови погледи за состојбите како опсесивно компулсивното нарушување, каде што несаканите навики го обземаат животот со одредени ритуали.

За да разберат што се случува, истражувачите најпрво создале различни степени на зависност од шеќер кај глувци и потоа ја проучувале активноста во нивниот мозок. Тие откриле дека зависноста всушност го променила мозокот, создавајќи сè посилни импулси кои им кажуваат на глувците да бараат шеќер. Интересно, но и патиштата кои праќале сигнали да се престане со оваа активност исто така се засилувале со тек на време.

Единствената разлика помеѓу патиштата кои биле засилени од зависноста и оние кои не биле, според научниците, е времето кога се активирал сигналот да се вклучат во тоа однесување. Оние кои не биле зависни започнувале со сигналот за сопирање пред да започнат, додека оние кои биле зависни копнееле да почнат, додека сигналот да престанат се јавувал подоцна. Сè уште треба да се истражува точно од каде доаѓа овој сигнал за започнување, со цел да се открие точно каде е изворот на овие копнеења.

Откако научниците сфатиле што се случувало во мозокот на глувците со лоши навики, тие се обиделе да ја скршат нивната зависност. Глувците биле наградувани кога престанувале активно да бараат шеќер. За нивно изненадување, глувците со најсилните навики и најцврстите патишта имале најголеми потешкотии при ослободувањето од навиката да бараат шеќер, дури и кога го добивале тоа што го сакале ако престанат. Еден од авторите на оваа студија вели:

„Еден ден можеби би можеле да ги напаѓаме овие кола во луѓето со цел да се поттикнат навиките кои ги сакаме и да се растурат оние кои не ги сакаме.“

Сè уште е потребно многу истражување на оваа тема пред успешно да може да се манипулира со овие патишта во мозокот со цел да излечат оние кои страдаат од опсесивно компулсивно нарушување, зависност од дрога и други видови нарушувања. Но, ова истражување дефинитивно ни дава интересен поглед кон тоа зошто е толку тешко да се срушат лошите навики, без разлика колку многу сакаме да го направиме тоа.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s