Колумни

Анксиозност

Кога ја прифатив мојата анксиозност, целиот свет ми се промени!

Не е лесно да се расте со анксиозност. Детството треба да биде период на безгрижност и сигурност, а не на постојани грижи и стравови. Но, како што растев, така сфаќав и дека јас ја имам контролата над моите мисли, а не обратно. За да го разберам тоа уште повеќе ми помогна и курсот по психотерапија кој со години го посетував. Денес, можам слободно да кажам дека скоро и да не чувствувам анксиозност во секојдневието. Токму затоа и решив да ги споделам со вас сите оние нешта кои ги научив за оваа состојба, со надеж дека ќе ви помогнам полесно да се справите со овие потешкотии…

Јас не сум „нормална“ и тоа е сосема во ред

Постои еден луд збор наречен „нормално“ со кој сите ние сме опседнати. Затоа и се преправаме дека сме „нормални“, носејќи ги нашите најдобри маски на лицето. Но, факт е дека не сме „нормални“. Никој не е. Сите луѓе се едни и единствени, уникатни, посебни самите за себеси. Зошто би сакале да бидете „нормални“ и да се доближувате до толпата, кога можете да бидете неверојатни и да се истакнувате од неа?

Не можам да го контролирам секој аспект од мојот живот

Многу често моето OCD доаѓаше до израз, терајќи ме очајно да се држам до моите замисли за секој аспект од животот бидејќи се плашев од светот. Кога ќе погледнам наназад во минатото, сфаќам дека всушност сум се плашела од „ефектот на пеперутката“. Но, сега се прашувам каде би била доколку излезев од мојата соба. Не можете да се заштитите преку вашите ритуали, бидејќи едноставно не можете да го контролирате она кое не може да биде контролирано.

Секогаш ќе постои нешто од што ќе се плашам

Само што ќе совладате еден аспект од вашиот живот кој ве плашел, анксиозност веднаш ќе ве насочи кон нешто ново и застрашувачко. Секогаш ќе постои нешто од што ќе се плашите, но тоа не значи дека треба да престанете да живеете. Откако го сфатив ова, станав многу подобра во сите области од мојот живот. Стравот е дел од човечкото искуство, па наместо да го туркате од себе, прифатете го и дозволете му да ве направи помоќни од кога било претходно.

Ако не сум анксиозна, не се трудам

Ах, парадоксите во мојот живот. Јас можам да се чувствувам удобно и задоволно, но во тој случај нема да се туркам да растам. Од друга страна, можам да се изложам и на ситуации кои ме извлекуваат од удобната зона со цел да научам нешто ново за себе. Овие ситуации ме прават анксиозна, но токму тоа и ми дава до знаење дека се трудам да направам нешто од овој живот. Без анксиозноста, можеби никогаш немаше да го направам правилниот чекор.

Во мојот ум се води војна во која можам да победам

Да, во мојата глава постојано имам мисли кои се во битка едни со други. Секој ден, се борам со себе и мојата анксиозност за да можам да го живеам животот најдобро што можам. Некои денови анксиозноста ја добива битката, но знам дека на крајот јас ќе победам во војната. Едноставно сфатив дека не можам да им дозволам на негативните мисли да го диктираат секој аспект од мојот живот. Јас ја имам контролата и ќе се погрижам да живеам онака како што вистински сакам.

Сите ние можеме да победиме во оваа војна, заедно!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s