Писмата од Мишима

Каде се загубивме?

Се загубивме во муабети кои завршуваат со зјапање во мобилните во тишина, во неискажани мисли и премолчени идеи. Се загубивме во слики за околината со големи насмевки, иако во себе тонеме. Се загубивме во времето каде постојано трчаме, а никаде не стигаме, во договорени кафиња и пива, никојпат испиени поради „немање време“.

Се загубивме во препотентност, заглавивме поради нечии ега, сексуални перверзии и фантазии, во премолчени вистини, плашејќи се од осудувањата од околината.

marsovci_na_zemjata_02

Понекогаш ме фаќа носталгија за времињата на безгрижност, на моменти нестрпливост додека се видиме. Недостасуваат насмеаните позитивни лица со виножита од идеи за иднината, кои сега сè повеќе се заменуваат со ладни маски.

Се загубивме во задоцнетите, па и никогаш невратените пораки велејќи дека не сме виделе, дека сме премногу зафатени. Се загубивме во љубомора, каде за најобична молба, треба да чекаш 2-3 месеци за на крај да добиеш повторно одговор од типот „Немав време за да ти помогнам“. А кога јас бев тука за вас, заборавивте?

Сите се фативме во тој вртлог, каде секојпат изговор е модерното време. Ги препознавам сите најмали ситници. Сите промени. Само ништо не велам… Како може да се гледате, дружите меѓу себе? Што души имате? Нели тој не вреди? Нели таа е змија? Па, зошто сега се смеете заедно? Сериозно, зар толку брзо ви се менува мислењето? Не разбирам…

Ми фалат деновите на искреност, кога можевме сè да си кажеме, кога се смеевме од душа, кога правевме планови за иднината, за многу планови кои сега гребат како песок меѓу мисливе.

Ми недостасуваат старите пријатели, старите искрени другарства, кои за жал, сега станаа сè поретки.

Другарството треба да е двонасочна улица, исполнета со многу разбирање, трпение, љубов и искреност. Секој пат кога си ја разголуваш душата пред некој, кажувајќи го делот кој не можеш да си го кажеш ни пред самиот себе, треба да остане таму. Тој човек ти верувал.

Но, на крај еден човек ми кажа дека нормално е да ме разочараш. Нормално е сите да те разочараат. Сигурно и јас сум ги разочарала. Но, треба да ги прифатиме онакви какви што се луѓето. Да ги сакаме онакви какви што се со сите свои маани и доблести. Јас ќе додадам дека треба да знаеме преку што треба да поминеме и да го прифатиме тоа.

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s