Безглутенска категорија

Безглутенска чизкејк торта со шумско овошје

Вкусно засладување за сите оние кои не смеат или не сакаат да јадат глутен.

Безглутенска чизкејк торта со шумско овошје

Потребни состојки:

За кората:

  • 400 грама бисквити
  • 50 грама шеќер во прав
  • 40 грама млеко во прав
  • 7 грама морска сол
  • 110 грама несолен путер, стопен
  • 300 милилитри шлаг пена

За филот:

  • 250 грам крем сирење
  • 70 грама шеќер во прав
  • 300 милилитри густа шлаг пена

За декорација:

  • 250 грама јагоди, измиени, исчистени и исечкани
  • 250 грама боровинки, измиени

Начин на подготовка:

Во сад за готвење со дно кое може да биде отстрането, ставете малку масло или путер и размачкајте. За да ја направите основата, ставете ги бисквитите во процесор за храна со цел да добиете мали трошки. Потоа измешајте ги со шеќерот, млекото во прав и солта.

Изматете ја шлаг пената заедно со стопениот путер и додадете ги сувите состојки. Мешајте сè додека не се комбинираат целосно. Поставете ја мешавината подеднакво на основата и страните од садот и ставете ја во фрижидер.

За да го направите филот, со помош на електричен миксер изматете ја густата шлаг пена сè додека не добие меки врвови. Тргнете ја настрана и изматете ги крем сирењето и шеќерот во прав сè додека не станат лесни. Додајте ја шлаг пената во кремот.

Поставете го кремот подеднакво над основата на тортата. Декорирајте со свежите шумски плодови и сервирајте.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s