Занимливости

Нова фитнес танцова рутина за која ќе сакате да чуете

Неодамна се појави нова фитнес програма на пазарот која се разликува од повеќето. Програма која, за радост на нашата мрзелива страна, е забавна, лесна и полека ја поместува стрелката на вагата.

(1) Нова фитнес танц рутина за која ќе сакате да чуете

Почеток на вториот месец во годината, и веќе се чини дека сосема е на место да се признае за неуспехот во одржување на новогодишните одлуки кога станува збор за фитнес. Повеќето од оние кои цврсто се увериле себеси дека оваа година ќе биде поразлична, одново се разочаруваат влегувајќи во старите навики.

Проблемот, најчесто, се состои од три слоеви.

Првиот е многу едноставен – формирањето на каква било навика е исклучително тежок процес и бара секојдневен и оркестриран напор. Дури и малите навики се чинат невозможни на самиот старт. Па така, можете да замислите колкава е веројатноста да издржите со нов режим на вежбање и истовремена промена на исхраната.

Вториот слој на проблемот е во тоа што после одредено време, доколку самата активност ви претставува напор, фрустрациите се неизбежни. Пожелно е, на ваков или онаков начин, да го направите процесот забавен.

И за крај, се разбира, тешко е да се дојде до одредена цел без да знаете кој е патот до таму. Многу луѓе започнуваат со својата фитнес трансформација, за да дојдат до заклучок дека целиот тој свет на вежби и здрава храна е повеќе комплициран отколку што се надевале на почетокот.

Но, не очајувајте. Неодамна се појави нова фитнес програма на пазарот која се разликува од повеќето. Програма која, за радост на нашата мрзелива страна, е забавна, лесна и полека ја поместува стрелката на вагата. Станува збор за фитнес-танц вежбата Cize. Создадена од светски познатиот тренер и танчар Shaun T, креаторот на програмата Insanity, овој тренд никако да престане да расте на запад.

(2) Нова фитнес танц рутина за која ќе сакате да чуете

Но, зашто е тоа така? Според рецензијата на една девојка, ова е вистинска револуција во фитнесот. Таа таму говори за нејзините тешкотии кога станува збор за вежбање, велејќи:

„Најпрвин, танцувањето е забавно. За разлика од едноличните повторувања кај повеќето фитнес вежби, овде имате постојано движење во придружба на музика. Shaun T ве води низ целиот процес, па нема потреба да броите сетови, или пак да паметите редослед на вежби. Олеснува и фактот што вежбате дома, па така одењето до теретана и назад веќе не претставува изговор.“

(3) Нова фитнес танц рутина за која ќе сакате да чуете

Cize ви дава календар каде ќе го следите својот напредок, како и 9 посебни вежби на ДВД кои имаат различен ритам и различна кореографија. Процесот на учење е навистина забавен а потоа, кога ќе успеете да го постигнете правилното темпо, станува уште поинтересно. Минутите минуваат без да забележите, правејќи една одлична кардио вежба која особено се насочува кон долниот дел на телото.

(4) Нова фитнес танц рутина за која ќе сакате да чуете

Во прилог на вежбите, има и план за исхрана кој се обидува да се држи до основните принципи без да го комплицира процесот дополнително. Потезите се навистина забавни па така, на крајот на програмата, како што вели таа во својата рецензија, можете да одберете ваша листа на песни користејќи ја истата кореографија. За крај, таа заклучува:

„Фитнесот за мене секогаш бил досаден – зошто, во овие години на овој век тоа да биде така? Танцувајќи и забавувајќи се, можам да останам подолго со програмата, и за прв пат да видам некакви резултати.“

(5) Нова фитнес танц рутина за која ќе сакате да чуете

Па, доколку и вие сте едни од оние кои фитнес патувањето го завршуваат заедно со месецот јануари, можеби е време да размислите за менување на стратегијата, и додавање малку ритам и забава. Почнете полека, и дозволете си процесот да трае подолго. Многу помага ако уживате додека го правите тоа. Дали сте за еден кардио танц?

Автор: Славко Дешиќ

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s