Битлси пееја дека љубовта е сè што ни треба. Но, што поточно е љубовта? Артистот Ендрју Хоу од Јужна Кореа поминал 6 години обидувајќи се да ѝ го објасни ова чувство на својата сопруга преку цртежи. Сè започнало со слатки илустрации кои тој ѝ ги испраќал на својата љубена преку пораки, бидејќи за него било многу полесно да ги искаже своите чувства визуелно отколку вербално. Подоцна, Ендрју решил да ја именува оваа серија цртежи „HJ-story“ по иницијалите на неговата сопруга. Најпрво, идејата му била да води личен блог, но благодарение на еден од неговите артисти пријатели, овие љубовни цртежи се прошириле ширум светот. Погледнете…