Направена од страна на HiRise (High Resolution Imaging Science Experiment), оваа фотографија ни ги покажува Земјата и Mесечината погледнати од орбитата на Марс. Кога фотографијата била направена, Земјата била на 142 милиони километри оддалеченост од Марс, давајќи ѝ на оваа фотографија размер од 142 километри по пиксел. Поради дисторција, таа не ја портретира точно оддалеченоста помеѓу Земјата и Месечината, па затоа е направена и фотографијата подолу со цел да се покаже вистинскиот поглед. Неверојатно, нели?