Има толку многу работни денови пред нас и згора на сè, ако времето не ни се погоди, едноставно ретко кој сака да излезе од удобноста на својот кревет. Токму затоа и анксиозноста го достигнува врвот во почетоците на неделата. Вие треба да одговорите на имејлови, да напишете статии, да се соочите со секојдневните одговорности и да се погрижите за обврските во домот…
За среќа, постојат голем број начини на кои можете успешно да се справите со анксиозноста. Започнувајќи од вежбањето и медитацијата, па сè до исхраната и редовното спиење, дефинитивно имате многу голем избор. Но, најдобриот и најбрзиот начин да ја започнете позитивно неделата е доколку побарате помош од музиката. Токму затоа и денес ја издвоив оваа плејлиста за вас, која ќе ви помогне да имате најдобра работна недела досега. Со среќа!