Безглутенска категорија

Среќен 8-ми март! Безглутенски палачинки од боровинки за дамата во вашиот живот

Среќен 8-ми март и добар апетит!

srekjen-8-mi-mart-bezglutenski-palachinki-od-borovinki-za-damata-vo-vashiot-zhivot

Потребни состојки:

За палачинките:

  • 1 јајце
  • 200 грама путер
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 130 грама брашно
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 кафена лажичка прашок за печиво
  • 1/2 кафена лажичка сода бикарбона
  • 1/2 кафена лажичка сол
  • 75 грама боровинки (или повеќе)

За сосот од боровинки:

  • 150 грама боровинки
  • 230 милилитри сируп од пченка
  • 1 супена лажица пченкарен скроб

Начин на подготовка:

Изматете го јајцето, па додадете ги во него путерот, маслиновото масло, брашното, шеќерот, прашокот за печиво, сода бикарбоната и солта. Со помош на електричен миксер матете сè додека смесата не стане мазна, а потоа додадете ги и боровинките.

Одвојувајте помала количина од неа и поставувајте ја врз тавче кое претходно е намачкано со малку масло. Вртете ги палачинките во истиот момент кога ќе се исполнат со балончиња, но пред тие да пукнат. Оставете ги на оган сè додека другата страна не стане жолтеникаво кафеава.

Што се однесува до сирупот од боровинки, одвојте 100 грама од овошјето и заедно со сирупот од пченка ставете го во блендер и матете 30-тина секунди или сè додека не добиете мазна смеса. Префрлете во сад за готвење и додека мешате сипете го внатре и пченкарниот скроб.

На среден оган, мешајте сè додека сирупот не почне да врие, а потоа оставете го така 1 минута. Тргнете го оган и повторно, додека мешате ставете ги во смесата и останатите боровинки. Сервирајте додека е топло врз палачинките. Среќен 8-ми март и добар апетит!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s