Филм и ТВ

#DoctorStrange – Оваа есен Марвел ќе ни донесе магија на филмското платно

Конечно ни пристигна тизер трејлерот за Doctor Strange!

(1) #Doctor Strange - Оваа есен Марвел ќе ни донесе магија на филмското платно

Конечно ни пристигна тизер трејлерот за Doctor Strange! Овој лик од стриповите на Marvel е познат по своето познавање на мистичното, а фактот што го толкува токму Benedict Cumberbatch го прави едноставно неодолив за гледање.

Трејлерот ни покажува голем дел од оригиналната приказна за Dr. Stephen Strange, брилијантен и самобендисан неврохирург кој живее во Њујорк, кој откако ќе доживее ужасна несреќа, нема да може да продолжи нормално да функционира.

(1) #Doctor Strange - Оваа есен Марвел ќе ни донесе магија на филмското платно

Со цел да најде лек за својата состојба, тој тргнува на пат околу светот и влетува во областа на Ancient One (Tilda Swinton), која го запознава со еден сосема нов свет.

(2) #Doctor Strange - Оваа есен Марвел ќе ни донесе магија на филмското платно

Како што трејлерот одминува, така ние се сретнуваме и со останатата актерска екипа, меѓу кои се наоѓа и Chiwetel Ejiofor, кој го толкува ликот Mordo – ривалот на Strange.

(3) #Doctor Strange - Оваа есен Марвел ќе ни донесе магија на филмското платно

Една од актерките чие присуство навистина ме изненади е токму Rachel McAdams, чиј лик сè уште не е откриен, но изгледа дека е докторка која работи во истата болница како и Strange… а според нејзиниот поглед, можеби дури и љубов на нашиот чуден доктор?

(4) #Doctor Strange - Оваа есен Марвел ќе ни донесе магија на филмското платно

И да не заборавиме на Mads Mikkelsen , кој е негативецот во овој филм и се верува дека најверојатно ќе го толкува ликот Dormammu, или пак, можеби еден од отпадниците на Ancient One кој е опседнат од Dormammu. Како и да е, тој без сомнение има луди магични способности.

(5) #Doctor Strange - Оваа есен Марвел ќе ни донесе магија на филмското платно

Режисерот ни вети брилијантен поглед кон паралелните димензии и токму тоа и го добивме!

(6) #Doctor Strange - Оваа есен Марвел ќе ни донесе магија на филмското платно

И покрај тоа што Стрејнџ во еден момент вели дека не верува во „бајки, чакри, енергија или моќта на вербата“ изгледа брзо се уверува во спротивното.

(7) #Doctor Strange - Оваа есен Марвел ќе ни донесе магија на филмското платно

И на крајот, конечно го сретнуваме Sorcerer Supreme во неговиот класичен костим со наметка, како полека се качува по скалите во неговата база, Sanctum Sanctorum, подготвен да стане закана каква што досега не сме виделе во универзумот на Марвел!

(8) #Doctor Strange - Оваа есен Марвел ќе ни донесе магија на филмското платно

Едвај чекате? Да, и јас!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s