Во светот на филмовите и сериите

May the Fourth be with you: Незаборавни цитати од легендарната ѕвездена приказна

(1) May the Fourth be with you: Незаборавни цитати од легендарната ѕвездена приказна

За да се одбележи денот за оваа неверојатна приказна, која отсекогаш била и ќе остане во нашите срца, одбрав неколку цитати од филмовите кои со сигурност многу добро ги знаете. Тие ќе ве вратат назад во војната меѓу ѕвездите и ќе ве потсетат на мудрите нешта кои можат да се научат од нив. Некои дури и ќе ве насмеат, а други ќе ви го покажат вистинскиот пат. Кон светлата страна. Уживајте!

„Кога 900 години ќе достигнеш, толку добро да изгледаш, нема.“ – Јода

„Кругот сега е целосен. Кога те напуштив, бев само ученик, но сега сум мастер.“ – Дарт Ведар

„Ако ме удриш, ќе станам многу помоќен одошто некогаш би можел да замислиш.“ – Оби-Ван Кеноби

„Војните не прават голем никој.“ – Јода

„Темната страна замаглува сè. Невозможна за гледање иднината е.“ – Јода

„Пази се од темната страна. Лутина, страв, агресија; темната страна на Силата се тие. Лесно течат, брзо се придружуваат во битка. Ако еднаш по темниот пат тргнеш, засекогаш ќе доминира со твојата судбина, консумира ќе те.“ – Јода

„Ако постои светол центар во универзумот, ти си на планетата што е најдалеку од него.“ – Лук Скајвокер

„Ова ќе почне да ги прави нештата правилни. Јас патував предалеку и видов премногу за да можам да го игнорирам очајот во галаксијата. Без Џедаите, не може да постои баланс во силата.“ – Лор Сан Тека

„Отпорот нема да биде заплашен.“ – Поу Дамерон

„Жените секогаш ја откриваат вистината. Секогаш.“ – Хан Соло

„Силата може да има силно влијание на оние со слаб ум.“ – Оби-Ван Кеноби

„Ќе се видиме повторно. Верувам во тоа.“ – Реј

„Јас не сум херој. Јас сум стормтрупер. Како и сите тие, бев земен од семејство кое никогаш нема да го знам. И одгледан да правам само едно нешто. Но за време на мојата прва битка направив избор. Немаше да убивам за нив. Затоа и избегав. И ти ме погледна на начин како никој претходно.“ – Фин

(2) May the Fourth be with you: Незаборавни цитати од легендарната ѕвездена приказна

„Надежта не е изгубена денес. Таа е најдена.“ – Леа

„Изгледа ние сме направени за да страдаме. Тоа е нашето многу во животот.“ – C-3PO

„Јас не сум Џедај, но ја знам Силата. Таа се движи низ и околу сите живи нешта. Затвори ги очите. Почувствувај ја. Светлината… Таа отсекогаш била таму. Таа ќе те води.“ – Маз Каната

„Почувствував големо нарушување во Силата, како милиони гласови одеднаш да викнаа во терор и веднаш потоа да замолчеа. Се плашам дека нешто страшно се случило.“ – Оби-Ван Кеноби

„По мојата големина ме судиш, нели?“ – Јода

„Според моето искуство, не постои такво нешто како среќа.“ – Оби-Ван Кеноби

„Одржувај ја концентрацијата тука и сега, каде што припаѓа.“ – Квај-Гон Џин

„Запомни: Твојот фокус ја детерминира твојата реалност.“ – Квај-Гон Џин

„Светли нешта ние сме… Не оваа сурова материја.“ – Јода

„Способноста да зборуваш не те прави интелигентен.“ – Квај-Гон Џин

„Кој е поголема будала, будалатa или будалата која го следи?“ – Оби-Ван Кеноби

„Направи. Или не прави. Нема обидувања.“ – Јода

„Значи вака умира слободата… Со громогласен аплауз.“ – Падме Амидала

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s