Со оглед на тоа што откривме дека Doctor Who ќе има нов лик во 2018 година, кога сегашниот лорд на времето, Питер Капалди, се очекува да си замине, едноставно не можеме да не помислиме дека овој пат навистина ќе добиеме женски доктор. И кој би можел подобро да ја одигра неговата улога од незаменливата Ема Вотсон? Но, зошто таа би била одличен доктор?
Во овој момент, младата ѕвезда од филмот Хари Потер, се подготвува да се бори за местото на шоферот на Тардисот, па затоа и решив да ви издвојам неколку причини зошто верувам дека таа би била одличен избор за оваа улога!
Најпрво, време е за девојка!
Повеќе од 50 години, Докторот беше маж. И искрено, на сите тоа ни е веќе досадно.
Време е приказната малку да се освежи така што ќе се замени полот на Докторот. Во 2014 година, Стивен Мофат брилијантно го промени негативецот познат како Мастер од маж во жена и тоа воведе незаборавен пресврт на приказната.
Ако ме прашувате мене, време е да се направи истото и со самиот Доктор.
Таа го преживеа Хогвартс
Нејзината кариера по филмовите за Хари Потер е можеби и најдобра помеѓу трите магионичари. Откако таа си замина од Хогвартс, успеа сите да нè импресионира со филмовите како The Bling Ring и The Perks Of Being A Wallflower.
Нејзината кариера е доказ за нејзиниот талент за глумење
Подоцна годинава ќе имаме можност да ја видиме и покрај Том Хенкс, во филмот The Circle, додека пак следната година ќе биде Убавицата, во приказната за Убавицата и Ѕверот.
Отсекогаш била одличен пример за однесување!
Како и многу други актери кои ја прифатиле оваа улога, така и Ема е дел од работата со добротворни цели. Во 2014 година таа беше назначена за амбасадорка во ОН и зборуваше јавно на многу настани за еднаквоста помеѓу половите.
Докторот знае како да игра со зборови, а според нејзините говори знаеме дека и таа ја има истата дарба!
Ема е и многу забавна
Таа нè импресионирала безброј пати на различните интервјуа, докажувајќи ни дека е директна, искрена и многу забавна личност. Исто така не се плаши да се покаже и во „лудо“ светло кое најчесто е урнебесно.
Таа би била навистина секси Доктор
Ние знаеме дека Докторот танцува, но таа би ја довела оваа способност на сосема повисоко нив.
Машки сопатник
Дама на времето која го контролира Тардисот конечно би можело да ги скрши границите помеѓу половите. Во тој случај би добиле и машки сопатник!
Камелеонски способности за глумење
Зарем има нешто што не сакате кај неа?