Да, точно е дека овој тизер трејлер не ни открива ништо за приказната, но музиката која е на некој начин како химна за светот во кој постои Star Trek, без сомнение ќе ви предизвика пријатно и топло чувство во вашата душа. Погледнете го видеото и уживајте! Јас веќе 100 пати го прегледав и уште не можам да престанам да се радувам!
Што се однесува до самата ТВ серија, таа ќе биде дел од ТВ каналот CBS, чија премиера се очекува да излезе на малите екрани во јануари, 2017 година. Нетрпеливото чекање може да започне веднаш!