Потписот на секоја личност е уникатен и автентичен. Тоа е симбол на вашиот идентитет, како и начинот на кој се претставувате себеси кон светот. Но, ако го тргнеме настрана фактот дека станува збор за алатка која овозможува легална валидација на документите, вашиот потпис може да открие повеќе работи за вас одошто мислите дека е можно. Науката која ја детерминира поврзаноста помеѓу карактерните црти и пишаниот потпис се нарекува графологија. Па, пронајдете го подолу вашиот потпис или потписот на личност која сакате да ја анализирате и откријте нешто повеќе за вашата или неговата/нејзината личност… Гледајќи ги сите овие потписи, едноставно не можам да не помислам дека е време и јас да престанам да се потпишувам како Т. Моника и да си смислам посоодветен потпис!