Потребни состојки:
За тестото:
360 грама бадеми
200 грама рицинов шеќер
200 грама кафеав шеќер
120 грама несолен путер, стопен
1 супена лажица морско оревче (свежо измелено, по можност)
1 кафена лажичка морска сол
250 грама јогурт
2 јајца
1 супена лажица ванила во прав
За филот:
150 грама маскарпоне
150 грама шлаг пена
2 кафени лажички рицинов шеќер
1/2 супена лажица ванила во прав
5 смокви, исечкани на осминки
2, 3 кафени лажички ф’стаци, печени и иситнети
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во голем сад, ставете ги заедно бадемите, шеќерите, путерот, морското опавче и солта, па мешајте сè додека не добиете смеса која наликува на мокар песок. Сипете половина од смесата во тава, каде што претходно сте поставиле хартија за печење. Во половината која ви остана во садот, додајте го јогуртот, јајцата и ванилата и мешајте сè додека состојките не се соединат. Потоа префрлете ја и оваа смеса во тавата со тортата.
Печете 45 до 50 минути или сè додека не добиете златна боја. Откако ќе го тргнете тестото од рерна, оставете го целосно да се олади пред да го отстраните од тавата.
За филот, најпрво изматете ги заедно маскарпонето, шлаг пената, шеќерот и ванилата. Потоа поставете малку од овој крем врз тортата. Останатиот дел од него, со помош на шприц за фил, искористете го за најразлични декорации ширум рабовите на тортата. Наредете ги смоквите во центарот и пополнете ги дупките меѓу нив со фил. За крај испрскајте со исечканите ф’стаци. Добар апетит.