Мали мистерии

Физичарите потврдуваат дека има втор слој информации скриени во нашата ДНК

Сите ние учевме во училиште за начинот на кој Watson и Crick ги склопиле откритијата од многу научници со цел да создадат модел од нашата ДНК. Информациите кои се наоѓаат во неа се сместени како секвенци од кодови, создадени од азотни бази. Секоја клетка ја има истата секвенца кодови, но извршува различни функции. Веќе знаеме дека секвенците од кодови детерминираат каков вид протеини ќе се создадат во одредена клетка, но отсега се претпоставува и дека механичките состојки на нашата ДНК се однесуваат како втор слој информации.

Физичарите потврдуваат дека има втор слој информации скриени во нашата ДНКfizicharite-potvrduvaat-deka-ima-vtor-sloj-informacii-skrieni-vo-nashata-dnk

Секоја клетка во нашето тело содржи околу 2 метра ДНК. Но, бидејќи нашите клетки се многу ситни, нишките ДНК треба да бидат густо збиени во снопови наречени нуклеозоми за да ги собере. Погледнете го следново видео со цел да откриете нешто повеќе за нашата ДНК и нуклеозомите.

Се верува дека механизмите на склопување на нашата ДНК играат огромна улога во начинот на кои се читаат гените од останатите клетки. Биолозите веќе почнале да ги изолираат овие процеси со цел да детерминираат на кој начин таа се склопува. Сега, теоретските физичари од Универзитетот Leiden во Холандија, потврдиле со помош на компјутерска симулација дека овие процеси се всушност кодирани во нашата ДНК.

Резултатите потврдуваат дека овој втор слој информации навистина постои. Ова ги довело до заклучокот дека генетските мутации не се предизвикани само со промена на секвенцата од кодови, туку и поради промени во начинот на кој нишките се склопуваат. Оваа симулација може да биде од голема помош при откривање на несаканите секвенци кои создаваат низа болести.

Можете да прочитате нешто повеќе за оваа студија на овој линк.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s