Занимливости

Утринскиот ритуал на Тим Ферис

Медитацијата, вели Тим, помага да се исклучите од постојаниот круг на мисли за момент, и да добиете јасно чувство за себеси.

Тим Ферис е лабораториско прасе. Или барем тој така се опишува. Живее и работи во Сан Франциско, а во слободно време шета низ светот, учествува во мото-трки во Кина и освојува танго натпревари во Буенос Аирес… Тим верува во пасивна заработка. Пред десетина година го издава својот прв бестселер, „The 4-Hour Workweek“, и оттогаш ја следи својата страст, без разлика каде го носи.

(6) Утринскиот ритуал на Тим Ферис

Следуваат уште два Њујорк Тајмс бестселери, популарен блог посетуван од милиони, и успешни инвестиции во 30-тина компании меѓу кои и Убер, Фејсбук и Твитер. Но, она на што Тим Ферис го троши своето време деновиве е неговото подкаст шоу. Веќе го нарекуваат Опра на подкастите, а низ досегашните епизоди го посетиле гости како Арнолд Шварценегер, Џејми Фох, Питер Диамандис, Кејси Најстат…

Тим длабоко верува во приказната за себе-создадениот човек. Тој обожува да кани гости кои делат една симптоматична крива – наративата е таа, онаа на губитник кој навидум преку ноќ станува победник. Но, Тим верува дека ништо не е случајно, па така и целта на неговото шоу е да испита одблизу што е тоа кое ги тера успешните луѓе да размислуваат и дејствуваат поинаку.

(5) Утринскиот ритуал на Тим Ферис

Интервјуирајќи стотина гости досега, и среќавајќи се со илјадници луѓе низ текот на истражувањето за неговите книги, Тим е сигурен дека секојдневните рутини го обликуваат човека. Тој верува дека вистинските рутини се на еден или друг начин неизбежен пат до успех и баланс во секојдневието.

Па така, одвојувајќи сет омилени рутини, тој создава нешто кое го нарекува утринскиот ритуал. Накратко, утринскиот ритуал се состои од 5 мали и едноставни навики. Совршено практикувани, одземаат близу 40-тина минути.

(1) Утринскиот ритуал на Тим Ферис

Тим, како и многумина од неговите гости (кои и самите практикуваат една или повеќе слични рутини), верува дека овој ритуал му дава структура на неговиот ден, го прави повеќе присутен сега и овде, и ја оттргнува вештачки создадената итност која секој од нас ја има во секојдневието.

Па, еве ги рутините и нивниот редослед…

Местење на креветот

Веднаш откако денот ќе започне, Тим го мести својот кревет. Совршено наместен кревет, ќе ви каже тој, е одличен почеток на денот. Ве учи да го насочувате вашиот фокус онаму каде што сакате, перфектно да завршите една мала задача, давајќи ви елан за низа мали задачи на кои ќе им пристапите со истата смиреност и перфекционизам.

Не е ни чудо што воената традиција високо цени слични тривијалности.

Подготовка на чај или пак, здрав појадок

(4) Утринскиот ритуал на Тим Ферис

Целта е да направите нешто за себеси, свесно, и да одвоите време за тоа. Тим подготвува мешавина од тревки од кои вари чај секое утро. Детоксификација, смирување на дигестивниот тракт, здрава доза кофеин… Многу од неговите гости ја имаат присвоено истата навика. Можете и вие – зелен чај, неколку планински тревки, или пак, готов продукт како Fit Tea и слични чаеви.

Утринска гимнастика

Додека некои преферираат јога, сосема доволно е да направите и некои вежби со отпор. Целта е да бидете присутен со своето тело, да го почувствувате движењето и контролата врз него. Дополнителни придобивки се раздвижувањето, флексибилноста, агилноста и подобра циркулација.

Најверојатно негде околу ова време ќе почувствувате изненадувачки недостаток на врева во вашето секојдневие. Ритуалот полека, но сигурно поставува едно поинакво темпо на денот, а со тоа и влијае и на расположението во кое се наоѓате.

Пишување на лист хартија

(2) Утринскиот ритуал на Тим Ферис

Водење дневник, фрлање на мислите на лист хартија… Наречете го како сакате. Целта овде е да запишете сè што ви доаѓа на ум. Чувства, планови, грижи, сеедно. Објективноста кон себеси се рафинира во оној момент кога ги материјализирате мислите и им давате одредена структура.

Ова е и совршен начин да се запознаете себеси подобро. Со тек на време ќе прерасне во одлична алатка која ќе ви помогне да сте многу поискрени со себеси. Конзистентноста е клучот.

Медитација

Тим препорачува апликации кои нудат водечка медитација по 10-тина или пак 15-тина минути. Лично тој ја користи Headspace. После година и половина минати со оваа апликација (Енди е неверојатен ментор), можам слободно да кажам дека е навистина нешто посебно.

Медитацијата, вели Тим, помага да се исклучите од постојаниот круг на мисли за момент, и да добиете јасно чувство за себеси.

Освен опуштањето на умот, ќе почнете да ги набљудувате мислите и емоциите од еден сосема поинаков агол. Следствено, ќе се доживеете себеси слободно од разните отпори, дистракции, недостаток на фокус. Ќе научите да им пристапувате на ситуациите во секојдневието на поинаков начин.

Совршен ден, вели Тим, е кога ќе успее да ги комплетира сите рутини од овој ритуал. „Но, не создавам непотребни притисоци”, се насмевнува тој. „Доколку времето или пак волјата не дозволуваат, се задоволувам со најдоброто што можам. Денот има навистина поинакво течение кога конзистентно ги практикувам повеќето.“

Автор: Славко Дешиќ

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s