Се доближува 5-ти август. Денот кој сите ние со нетрпение го чекаме! Зошто, би се запрашале? Бидејќи токму тогаш е премиерата на еден од најлудите филмови кои годинава ќе имаме можност да ги видиме – Suicide Squad! Ако и вие сте возбудени, исто колку и јас, тогаш без сомнение сте на вистинското место. Најпрво да почнам со последниот трејлер, кој беше претставен на Comic-Con.
Во продолжение следуваат сите останати трејлери за овој филм, кои ни откриваат многу информации за самата приказна. Но, да ве предупредам – колку повеќе ги гледате, толку подалеку ќе ви изгледа премиерата! Уживајте…