Астрономија

Персеиди: Епскиот метеорски дожд оваа година ќе биде многу посилен

За сите оние кои го сфаќаат сериозно замислувањето желби на „ѕвезди кои паѓаат“, во утринските часови на 12-ти август ќе имаат можност секоја своја желба да ја замислат по неколку пати!

(1) Персеиди: Епскиот метеорски дожд оваа година ќе биде многу посилен

За сите оние кои го сфаќаат сериозно замислувањето желби на „ѕвезди кои паѓаат“, во утринските часови на 12-ти август ќе имаат можност секоја своја желба да ја замислат по неколку пати! Според НАСА, овогодишниот метеорски дожд познат како Персеиди, ќе биде и до два пати посилен од претходните години, резултирајќи со неверојатни 200 метеори кои ќе го осветлуваат небото секој час.

Ова тврдење ни доаѓа од Роберт Лансфорд, долгогодишен аматер астроном, кој предвидува прекрасни пејзажи на ѕвезденото небо за неколку денови. Тоа е навистина храбра изјава, со оглед на тоа што Персеидите биле игнорирани поголемиот дел од човечката историја. Според астрономите, овој метеорски дожд дури во 1837-мата година почнал да побудува поголем интерес.

4 години претходно, луѓето гледале скоро 1.000 метеори на час, кои паѓале од небото за време на метеорскиот дожд познат како Леониди. Едвард Херик, сопственик на книжара кој подоцна станал аматер астроном, прв го забележал овој небесен настан и од тогаш редовно го следел. Во 1837-мата година набљудувал необична светлина на ноќното небо, за време на ноќните часови на 9, 10 и 11 август.

(2) Персеиди: Епскиот метеорски дожд оваа година ќе биде многу посилен

Херик, првиот од долгата низа аматери кои направиле големи промени на ова поле, ја истражил историјата и успеал да состави долга листа од светлосни објекти кои се појавуваат за време на првите денови од август. Најпозниот, а можеби и најстариот запис од сите кои ги пронашол, бил за време на празникот на Св. Лоренцо. Католичкиот празник се прославува на годишнината од мачеништвото на светецот, која се верува дека се случила на 10 август 258 година, а метеорскиот дожд го добил името „солзите на Св. Лоренцо“.

Секако, не станува збор за вистински солзи на небесен ангел, туку за светлосно шоу што се случува секој пат кога ќе поминеме низ патеката на кометата Свифт-Тутл, која го добила своето име од своите реоткривачи, Луис Свифт и Хорас Парнел Тутл. Во јуни 1862 година, тие забележале космичко тело кое било исто толку силно како и ѕвездата Северница. Но, без јасни историски записи со цел да се пресмета траекторијата, кометата се изгубила на некое време.

Зголемувањето во активноста на Персеидите во 1970-та година, довела Брајан Марсден, тогашниот директор на Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан, да предвиди дека кометата Свифт-Тутл ќе се појави повторно во 1992 година, но таа доцнела 17 дена. Потребно било да се направат нови калкулации и овие податоци го натерале Мардсен да открие дека кометата ќе се појави во 2126 година, но со ризик да удри во планетата Земја. Овие информации покренале паника бидејќи големината на јадрото на кометата е иста како и онаа на астероидот кој е виновен за крајот на диносаурусите.

(3) Персеиди: Епскиот метеорски дожд оваа година ќе биде многу посилен

Поттикнати од откритијата на Мардсен, истражувачите продолжиле да истражуваат. На тој начин и откриле дека постојат записи за набљудување на оваа комета кои датираат од 69-тата година пред нашата ера. Со додавање на овие записи, тие можеле да направат уште поточна илустрација и Мардсен набрзо ги повлекол своите предупредувања – човештвото, сепак, ќе ја преживее следната интеракција со ова небесно тело.

Бидејќи не ни е судено кометата Свифт-Тутл набрзо да нè уништи, ние можеме да уживаме во спектакуларното годишно шоу кое е овозможено од страна на нејзината „опашка“. Како едно од најголемите небесни настани на северната хемисфера, Персеидите оваа година ќе бидат видливи дури и за време на денот, а ќе доаѓаат од соѕвездието Персеј.

(4) Персеиди: Епскиот метеорски дожд оваа година ќе биде многу посилен

За најдобро набљудување, погрижете се да сте на темно и тивко место, далеку од светлината на градот. Обидете се да сте што подалеку од светлосното загадување, иако е многу тешко да се избега од него. Откако ќе го најдете вашето темно место, спакувајте си столче или ќебе за пикник и грицки. Исто така погрижете се да преспиете во текот на денот, бидејќи најдоброто време за набљудување е точно пред мугрите.

Ѕирнете го и ова видео објавено од страна на НАСА, кое ќе ви покаже како најдобро можете да го набљудувате метеорскиот дожд Персеиди. Исто така, не би било лошо да имате кофеин покрај себе. Уживајте!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s