На кратко, научниците од Imperial College откриле дека светлината би можела да постои во досега непозната форма, како комбинација со еден електрон. Оваа интеракција создава светлина која ги има карактеристиките на двете честички.

Светлина која се поврзува
За нешто што изгледа толку интегрирано во нашите животи, ние постојано откриваме многу информации поврзани со светлината. Нејзините фундаментални карактеристики сè уште нè вчудовидуваат, а нејзината интеракција со останатите честички е секогаш полна со изненадувања. Имајќи го тоа на ум, научниците од Лондон изгледа откриле една сосема нова форма на светлината, која настанува со комбинирање на самата светлина со еден единствен електрон. Оваа нова форма на светлината ги носи карактеристиките и на двете честички.
Во нормални услови, светлината може стапи во интеракција со голем број електрони. Но, преку употребата на теоретската физика со цел да се направи модел од однесувањето на честичките и еден вид материјал наречен тополошки изолатор, научниците успеале да ја спојат светлината со само еден електрон.
На кратко, тополошкиот изолатор создава нов вид поврзување кое ги задржува карактеристиките и на двете честички. Можете да дознаете нешто повеќе за овој процес во следново видео.
Повеќе карактеристики
Ова откритие на новиот вид светлина е значајно од повеќе причини, но најмногу бидејќи оваа форма може да го комбинира најдоброто од двете честички. Нормалните електрони би застанале и не би можеле да продолжат кога има несовршености на површината низ која се движат, но благодарение на оваа комбинација тие можат да ги надминат овие дефекти и да продолжат по својот пат. Ова создава можност за многу поробусни и помалку ранливи кола.
Истражувањето сè уште е во тек, но набрзо ќе можеме да дознаеме многу повеќе на оваа тема.
Нешто повеќе за оваа студија можете да прочитате тука.