Филм и ТВ

Новости за #StarTrekDiscovery: Нè очекува главна женска улога, но не во седиштето на капетанот!

Едвај чекате, нели? И јас!

Дознајте кој инспиративен цитат е совршен за вас според вашиот хороскопски знак

Според извршниот продуцент Брајан Фулер, ТВ серијата Star Trek: Discovery чии авантури ќе се одвиваат 10 години пред 5-годишната мисија на Кирк во оригиналната временска линија, ќе биде предводена од женска главна улога иако таа нема да биде капетан на самиот ѕвезден брод.

„Досега имавме можност да видиме 6 различни приказни од гледна точка на капетанот“, вели Фулер. „Но, да се види карактер од различна перспектива на ѕвезден брод, кој има динамична врска со капетанот и останатиот екипаж, изгледа дека ќе ни даде побогат контекст на различни видови приказни поврзани со овој карактер, бидејќи сепак станува збор за група. Но, ние дефинитивно имаме женски протагонист.“

Ако мислевте дека серијата може да започне со Ромуланската војна, тогаш имаме лоши вести за вас – тоа нема да се случи. Но, почетокот сепак се врти околу инцидент од минатото.

„Како љубител на Ѕвездени патеки, многу ми е возбудливо што приказната ќе се врти околу инцидент, настан во историјата на Ѕвездената флота за кој порано се зборувало, но никогаш не бил целосно истражен“, дополнува Фулер. „И бидејќи оваа приказна се раскажува преку лик кој на патувањето ќе научи како да се согласува со останатите во галаксијата – бидејќи за таа да може да разбере нешто вонземно, најпрво мора да се разбере себеси – станува збор за патување на кое сите ние би можеле да тргнеме.“

Фулер исто така потврдува дека главниот лик ќе биде човек, како и дека сè уште не е одбран ниту еден актер за екипажот. Во оваа ТВ серија ќе има зголемување во присуството на вонземјаните, многу повеќе одошто во претходните ТВ приказни, и ќе има барем еден хомосексуален лик. Вештачката интелигенција исто така ќе добие свое место во текот на 13-те епизоди од првата сезона. И за среќа, не мора да чекаме долго време, бидејќи епизодите ќе бидат достапни во јануари 2017 година!

Едвај чекате, нели? И јас!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s