Занимливости

Австралија се движи толку брзо што дури ни технологијата за навигација не може да ја следи

Потребно е до крај на годината да се направи огромна корекција во технологијата за навигација со цел да продолжи да работи правилно.
Австралија се движи толку брзо што дури ни технологијата за навигација не може да ја следи
Илустрација што ни покажува колку се поместила Австралија

Австралија не е онаму каде што мислите дека е. Континентот се поместил за 1,5 метри од последните корекции на ГПС координатите во 1994 година. Сите континенти на планетата полека се движат со тектонските плочи, но плочата на која се наоѓа Австралија се движи релативно брзо – околу 6,8 милиметри секоја година (северно, со едвај забележлива ротација како што се движат стрелките на часовникот).

Некои држави се движат помалку од останатите“, објаснува Damien Saunder, директор на картографијата за National Geographic. „Кога постои значајна промена на земјената површина, мора да ги прилагодиме ГПС координатите за да не се случи да ве одведат на погрешно место (наместо во вашиот дом, во оној на вашиот сосед).

За разлика од другите континенти, Австралија има тенденција да се движи прилично брзо поради својата уникатна геологија. Во последниве 50 години биле направени 4 корекции на географската ширина и должина. Последната поправка во 1994 година, беше за околу 200 метри. Следната корекција се планира да биде на крајот до годинава, за 1,5 метар.

„Многу е важно да се запомни дека Земјата не е совршена сфера или елипса, и дека континетинтие не се движат со иста брзина“, вели тој. „Па, понекогаш мора да правиме корекции и на нашите модели, како на глобално така и на локално ниво.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s