Филм и ТВ

Што нè очекува во новата сезона на #GilmoreGirls?

Тие се враќаат назад на малите екрани!

Што нè очекува во новата сезона на #GilmoreGirls?

ОК. Поминаа неколку денови од првиот официјален трејлер за освежувањето на една од најдобрите ТВ серии што некогаш сум ги гледала – Gilmore Girls! Па, имав време да здивнам, да испијам неколку (многу) кафиња и 100 пати да го прегледам! И мора да признам дека по 20-тото гледање и да не сакате, не можете да не почнете да забележувате суптилни знаци за тоа што нè очекува во новата сезона.

1. Рори има многу рана средовечна криза

И покрај тоа што таа се претвора дека сè е под контрола, ние брзо можеме да забележиме дека тоа е далеку од вистината. Таа нема работа, ниту пак сигурно место за живеење бидејќи (најверојатно) патува како хонорарен новинар. „Ова е моето време да бидам без корени!“ – вели таа, но Емили воопшто не е импресионирана, особено кога Лорелај се обидува да ѝ помогне така што ја споредува со Џек Керуак.

Што нè очекува во новата сезона на #GilmoreGirls?

2. Изгледа тимот што навива за Џес е во водство, ако уште запишувате резултати

Со оглед на тоа што Џес е првиот од трите момци на Рори со кој имавме можност да ја видиме во трејлерот, како и според начинот на кој тие го одржале своето пријателство, можам да претпоставувам дека е најблиска со него. Но, ако сте како мене и навивате за Логан, не грижете се и тој се појавува! Пуштете среќа! Тука е и Дин… но, мислам дека веќе никој не навива за него…

Што нè очекува во новата сезона на #GilmoreGirls?

3. Метаболизмот на девојките Гилмор е сè уште одличен

Само во овој трејлер може да се забележи дека тие изеле кинеска храна, грчка храна, италијанска храна, хот догови, поп-тартс, тејтер тотс, мини крофни и секако, кафето на Лук, кој пак уште е ужаснат од нивните навики за јадење…

Што нè очекува во новата сезона на #GilmoreGirls?

4. Ќе плачеме многу!

Како да имаше сомнеж за ова. Дури и краткиот поглед кон погребот на Ричард, растажи многу срца ширум светот. И ако тоа не беше доволно, зборовите на Емили како се чувствува по неговата смрт, без сомнение ќе ве дотолчат до крај: „Не знам како да го правам ова, бев во брак 50 години. Мојата половина ја нема.“ Но, присуството на Ричард ќе биде почувствувано, најмногу преку преголемиот портрет во нивниот дом. Штом на Емили ѝ се допаѓа, сите ја поддржуваме!

Што нè очекува во новата сезона на #GilmoreGirls?

5. Парис има одлична фризура – русокоса боб

Ова е навистина важна вест за коса! Таа исто така изгледа се вратила во Чилтон… Можеби за истиот настан како и Рори?

Што нè очекува во новата сезона на #GilmoreGirls?

6. Рори патува за Лондон

Барем така изгледа. Кога Лорелај го опишува скитничкиот живот на Рори, можеме да забележиме градски пејзаж од Лондон, а потоа таа се наоѓа во неидентификувана канцеларија, по што следува снимка и од Њујорк. Е сега… кого познаваме што работеше во Лондон за време на серијата, и има многу добра причина да живее таму и 10 години подоцна? Додајте еден поен за тимот на Логан! Јухууу!

Што нè очекува во новата сезона на #GilmoreGirls?

7. Изгледа Лук и Лорелај имаат проблеми

По смртта на Ричард, трите Гилморици се чувствуваат многу изгубено. „Мислев дека знам точно што сакам… но во последно време, нештата изгледаа поматно“, вели Лорелај додека ја гледаме како самата патува. Таа инсистира дека се среќни заедно со Лук, но очигледно нешто треба да се промени.

Една кратка теорија на оваа тема – веќе знаеме дека треба да очекуваме свадба во одреден момент од овие епизоди, па можеби токму тоа треба да се промени за тие да бидат навистина среќни?

Што нè очекува во новата сезона на #GilmoreGirls?

8. Крк присуствува на петочните вечери

Бидејќи зошто да не? И можеби уште поважно, зошто? Можеби најдобриот момент од целиот трејлер е токму збунетото прашање на Емили која вели: „Објасни ми уште која е оваа личност?“  

Што нè очекува во новата сезона на #GilmoreGirls?

И за крај, ќе ве оставам со новите постери за оваа сезона, каде што имаме можност да ги видиме трите генерации на Гилмор жени, како и Лук!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s