Моќен радиотелескоп направил неверојатна фотографија од нашиот колоритен универзум. Murchison Widefield Array ни покажува како би изгледал центарот на Млечниот пат доколку можевме да гледаме радиобранови – овозможувајќи ни да го доживееме овој неверојатен пејзаж во 20-те примарни бои.
Оваа нова фотографија од Млечниот пат ни покажува дека нашата галаксија блеска со неверојатни нијанси на бои – нешто што досега никогаш не сме можеле да го видиме. Тоа е затоа што нашите очи го гледаат универзумот во само 3 примарни бои – црвена, зелена и сина. Но, благодарение на Murchison Widefield Array, сега можеме да знаеме како нашата галаксија би изгледала доколку имавме можност да ги гледаме радиобрановите (во сите 20 примарни бои).
„Тоа е многу подобро од што ние луѓето сме способни да видиме. Овој поглед ги надминува дури и способностите на некои суштества од животинското царство, како богомолката ракче, што може да гледа 12 различни примарни бои“, објаснува астрономот Natasha Hurley-Walker.
Фотографијата е направена и обработена од страна на Natasha Hurley-Walker (ICRAR/Curtin), GLEAM Team… Да не должам повеќе, ве оставам да уживате во овој неверојатен и досега невиден поглед кон нашиот дом – Млечниот пат!