Филм и ТВ

Започнува најголемиот crossover во телевизиската адаптација на суперхероите од DC Comics!

Бидејќи не можев да дочекам да дојде неделава, викендов направив едно мало истражување, да видам што точно нè очекува во приказната што ќе се одвива во 4 епизоди.

Започнува најголемиот crossover во телевизиската адаптација на суперхероите од DC Universe!

Уште веднаш да си кажам дека Arrow ми е една од најлегендарните серии што некогаш сум имала можност да ги гледам. Што се однесува до Flash и DC’s Legends of Tomorrow – нив би ги сместила во топ 10 (можеби и во топ 15, во зависност од сезоните). Supergirl ми е малку (повеќе) послаба во однос на нив, на некој начин приказната ми е премногу тинејџерска за мојот вкус (*напишав јас и си пуштив епизода од Rebelde Way*), па еве да си признам дека ги изгледав сите епизоди досега само поради овој crossover. Имајќи го тоа на ум, сметам дека самиот лик, односно Supergirl, одлично ќе се вклопи во динамиката на оние карактери што веќе добро си ги познаваме и сакаме.

Бидејќи не можев да дочекам да дојде следната недела, викендов направив едно мало истражување, да видам што точно нè очекува во приказната што ќе се одвива во 4 епизоди. Таа ќе започне со Supergirl во понеделник вечер, на 28-ми ноември, потоа ќе премине кај Flash во вторник вечер, па ќе продолжи кон Arrow во среда вечер и на крај ќе заврши со DC’s Legends of Tomorrow во четврток вечер, на 1-ви декември. Звучи епски, се согласувате? Еве што успеав да најдам…

Доминаторите доаѓаат! На кратко, станува збор за фиктивна вонземјанска раса од длабоката вселена во универзумот на DC. Тие во поглед на технологијата се многу напредни и живеат во ригидно хиерархиско општество, каде што сечија каста е детерминирана од големината на црвениот круг на нивното чело.

Започнува најголемиот crossover во телевизиската адаптација на суперхероите од DC Universe!

Supergirl

Елајза доаѓа да го прослави Денот на благодарноста со своите ќерки. Алекс решава дека е време да ѝ признае на својата мајка дека е хомосексуалка, додека пак, Кара е шокирана кога мајка ѝ ќе ѝ предложи дека Мон-Ел има чувства за неа. Од друга страна, Вин и Џејмс размислуваат да ѝ ја признаат вистината за Guardian на Кара. Во меѓувреме, CADMUS ослободуваат вирус што инстантно ги убива сите вонземјани во близина, па Кара наоѓа неочекуван сојузник – Лина Лутор. Епскиот crossover започнува кога Бери Ален и Сиско Рамон ќе ја побараат помошта од Кара поради инвазија од вонземјани на нивната Земја.

This slideshow requires JavaScript.

Flash

Кога вонземјаните познати како Доминатори го напаѓаат Централниот град, Бери трча до Стар Сити за да ја побара помош од Оливер. Набрзо тие сфаќаат дека битката против овие вонземјани е поголема одошто мислеле, брзо ги наоѓаат Легендите за да им помогнат. Во меѓувреме Бери и Сиско создаваат процеп за да го доведат своето тајно оружје – Кара! Откако сите суперпријатели ќе се соберат, тие формираат план како да нападнат, но една шокантна тајна поврзана со Flashpoint ќе биде откриена и одеднаш никој не е сигурен кому може да му верува. Во меѓувреме Воли сака да се приклучи на битката против вонземјаните, но Ајрис му вели дека не е подготвен.

This slideshow requires JavaScript.

Arrow

Бидејќи ова е 100-тата епизода за Arrow, можам само да замислам (до четврток!) колку ќе биде епска! Оливер се буди и одеднаш сфаќа дека никогаш не се качил на бродот The Queen’s Gambit со татко му. Поради тоа Роберт, татко му, и Моира, мајка му се живи и здрави. Од друга страна пак, Оливер никогаш не ставил крај на својата врска со Лорел и таа сега е негова свршеница. Свадбата им е на повидок. Сè изгледа совршено, но Оливер започнува да ги забележува малите несовршености кои ќе го натераат да почне да се сомнева во оваа нова реалноста. Во меѓувреме, Фелисити и регрутите со помош на Flash и Supergirl успешно се справуваат со нов проблем.

This slideshow requires JavaScript.

Legends of Tomorrow

Откако го дознаваат планот за освојување на светот на Доминаторите, Легендите мора да работат заедно со Flash, Supergirl и Green Arrow со цел засекогаш да ги победат. Во меѓувреме професорот Стајн открива како тимот може да им стави крај на овие вонземјани, но неговото внимание е одвлечено од промената во минатото што сфаќа дека ја направил во 1987 година.

This slideshow requires JavaScript.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s