Книги

Предизвик за читање книги во 2017 година

Со среќа!

Последниве неколку години бев презафатена со пишување, односно создавање на приказната за мојата прва трилогија, па затоа имав премалку време за читање. Но, по издавањето на првиот дел, решив да се обидам барем малку да надополнам за пропуштеното. Во моментов го пишувам и вториот дел, но со оглед на тоа дека целата приказна ми е веќе составена, конечно имам повеќе слободно време што можам да го посветам на читање. Како Дади, кучето мое! 🙂 Само побудно…

Затоа и се опремив со нови книги, најголем дел од областа на научната фантастика, како на пример, трилогијата Across the Universe (веднаш да ја пофалам!) и дури ја купив и мојата прва аудио книга – Pride and Prejudice (решив да играм на безбедно со класика), за да можам да „читам” додека завршувам одредени обврски, шетам или вежбам. Мал совет за оние што љубат да читаат, а не можат да се мотивираат да вежбаат – аудио книгите се совршеното решение! Едноставно не запирате дур не заврши главата и оп, пред да сфатите сте завршиле со вежбање за денот!

Океј, да се вратам назад на темата и причината зошто сè уште го читате ова – предизвикот за 2017-та година. Јас планирам да почнам уште од 1-ви јануари, па ве канам сите да ми се придружите! Со среќа!

Предизвик за читање книги во 2017 година

2 коментари

  1. Здраво, супер текст. Препорака од мене за читање е The Expanse series, само што ја почнав првата, ама сега за сега ме држи ептен…плус покрива неколку точки од листава одеднаш 🙂

    Ми се допаѓа

    1. Фала за предлогот, си ги додадов сите делови од серијата на Гудридс да не ги заборавам, па при прва прилика ќе си ги купам. Не знаев дека серијата со истото име е според книги, сега уште повеќе ме заинтересира. Обично најдобрите приказни добиваат филмски и телевизиски адаптации. Среќа не почнав да ја гледам уште, па нема да си ја расипам приказната 🙂

      Ми се допаѓа

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s