Филм и ТВ

Ајде да зборуваме за Gilmore Girls: A Year in the Life – Winter (прв дел)

Овој пат пишувам за Winter, односно за првата епизода...

Ако сте љубители на оригиналната ТВ серија Gilmore Girls, тогаш сигурно бевте пријатно изненадени кога дознавте дека приказната ќе се освежи со нова мини серија на Нетфликс. Станува збор за 4 епизоди чие дејство се случува после 8 години, во текот на една цела година од животот на нашите омилени девојки од малите екрани – Лорелај и Рори. Дали приказната ги достигна моите очекување? ДА! Дали таа можеби и ги надмина? ДЕФИНИТИВНО! Ејми Шерман-Паладино без сомнение ни покажа дека сè уште го има во себе жарчето за пишување и дека таа толку добро ги создала сите ликови од градот Stars Hollow, што додека ги гледаме епизодите лесно можеме да заборавиме дека тие се фиктивни.

Сакав да напишам еден текст за целата сезона, но некаде на половина сфатив дека замислата ми е премногу долга за да се склопи одеднаш, па затоа решив да ја поделам на 4 дела, односно да напишам по еден пост за секоја епизода. Овој пат пишувам за Winter, односно за првата епизода…

Ајде да зборуваме за Gilmore Girls: A Year in the Life - Winter (прв дел)

Тоа што ми остави најголем впечаток кај оваа епизода е што сите карактери успееја совршено да си го одиграат својот лик, дури и по големата пауза помеѓу снимањето. Секој лик има свое место во приказната и е клучен дел од големата слика што авторите на серијата сакаат да ни ја претстават, а тоа е дека пријателите и саканите се најважните во нашиот живот и дека без нив, ниту еден од нас не би бил онаа личност што е денес. Додека ја гледате оваа епизода, вие цело време ќе плачете, малку од среќа, малку од тага… Ќе се потсетите на големите моменти од оригиналната приказна, на ликови кои повеќе не се со нас и ќе се замислите за текот на вашиот живот, како и за фактот дали сте онаму каде што навистина сакате да бидете.

Во продолжение ги издвојувам според мене најнезаборавните сцени од зимската епизода, со минимален број спојлери (сепак не препорачувам да читате доколку сè уште не сте ја гледале епизодата. Ако решите да продолжите, уживајте!

Зима (Winter)

По долги 8 години, Лорелај и Рори повторно нè освојуваат со својот богат дијалог и неверојатна брзина на зборување. Едноставно никој не може да се натпреварува со нив!

Тука е и Miss Patty која сè уште држи часови за балет и ги знае најновите настани во градот…

4-ajde-da-zboruvame-za-gilmore-girls-a-year-in-the-life

Лејн иако е сопруга и мајка на близнаци, уште успева да наоѓа време за музичката кариера, како и да ѝ помага на својата најдобра пријателка…

6-ajde-da-zboruvame-za-gilmore-girls-a-year-in-the-life

И секако, еден од најважните ликови од серијата е тука да нè насмее со своите луди, креативни и оригинални идеи! Без Кирк, приказната би била празна!

Изгледа како времето во Stars Hollow да застанало… Дури и весникот ја има истата песна како и секоја година претходно!

И најважно од сè, градскиот трубадур шири позитивно расположение во центарот на градот…

5-ajde-da-zboruvame-za-gilmore-girls-a-year-in-the-life

Кој може да го заборави топлиот дом на Лорелај, каде што имавме можност да ги доживееме најубавите моменти од животот на девојките Гилмор?

Дури и Пол Анка е сè уште тука!

Како што можете да видите, апетитот на девојките Гилмор уште ги надминува сите граници, а Лук и покрај сè неуморно се обидува да воведе малку здрава исхрана во нивниот живот!

Сепак нештата не се толку исти како што мислев… Запознајте го Пол, новото момче на Рори! Најинтересното нешто кај него е што сите го забораваат – дури и Рори!

10-ajde-da-zboruvame-za-gilmore-girls-a-year-in-the-life

Кога станува збор за доброто на градот, Тејлор секогаш мисли на своите соседи и пријатели – овој пат, тој се бори за воведување канализација во Stars Hollow… со истиот ентузијазам како и секогаш досега (дури и покрај тоа што сè уште го игнорираат…)

Што се однесува до Мишел (кој ги мрази сите луѓе, а особено децата), дознаваме дека е во среќна врска со својот партнер кој пак се обидува да го натера да посвојат дете… Мишел како родител… можете ли да го замислите тоа?

Изгледа Емили има нова слугинка која е малку поразлична од сите оние кои не успееја да ја задржат својата позиција бидејќи никогаш не ги достигнуваа очекувањата што таа ги бараше од нив…

Интересно е да се види дека трите генерации Гилмор сè уште го почитуваат договорот за петочна вечера…

Дури и покрај тоа што Ричард повеќе не е тука… За жал актерот Едвард Херман почина, но неговото присуство сè уште може да се почувствува преку нашите омилени девојки од малите екрани.

Никој не се сомневаше дека Парис ќе успее да заврши два факултета и истовремено да биде и позната докторка и успешна адвокатка!

Амбицијата на Рори сè уште е на високо ниво, па покрај неколкуте познати статии што биле објавени во големи весници (меѓу кои и за New York Times), таа сега се обидува и малку да ја прошири својата кариера така што ќе пишува биографија за Најоми Шропшир…

Поради оваа соработка таа често лета за Лондон… А се сеќавате кој е во Лондон?

Јуху! Поен за тимот Логан! Сега засега водиме! Не ви изгледа веројатно? Еве уште еден момент од истата сцена ❤

Океј, да продолжиме понатаму… Изгледа дека куќата на Лејн е полна како и секогаш претходно и многу сме среќни дека нејзиниот бенд сè уште постои!

Дури имаме можност и да чуеме една песна од Hep Allien!

Тука ќе завршам со првата епизода. Во следниот пост ќе ги издвојам најубавите моменти од втората епизода – Spring!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s