Мали мистерии

Дали на Антарктикот навистина има пирамиди?

Што мислите вие? Навистина станува збор за планини или сепак се пирамиди направени од човечка или вонземна рака?

Дали на Антарктикот навистина има пирамиди?

Бидејќи е нов ден за Интернетот, тоа значи и нова теорија на заговор: мистериозни пирамиди се забележале на Антарктикот благодарение на Google Earth. Но, вистината е дека станува збор за обична планина. И најинтересното од сè е што не е ни нова мистерија – оваа приказна за пирамиди на Северниот пол со години кружи низ виртуелниот свет.

Па, ајде малку да поразговараме за првата пирамида (со други зборови, планина). Таа била откриена од страна на Британската антарктичка експедиција помеѓу 1910 и 1913 година. Потоа била чувана како тајна од сите останати луѓе во светот така што била нарекувана „Пирамида“ и со тоа име била објаснувана во сите геолошки записи за таа област. Овие геолози мислеле дека се многу паметни со двојниот блеф, но не можеле ни да замислат дека 100 години подоцна, трагачите по вистината ќе ја откријат нивната измама и ќе дознаат дека Пирамидата не е всушност пирамида, најверојатно создадена од вонземјанска цивилизација, или пак изгубениот град Атлантис.

Сега втора планина одново ги разгорела теориите на заговор. Таа може да биде најдена на следниве координати: 79°58’39.25″S 81°57’32.21″W. Доволно е само малку да ја анализирате за да сфатите дека без сомнение станува збор за планина, а не пирамида.

Дали на Антарктикот навистина има пирамиди?

„Структурите во форма на пирамида се дел од планинскиот појас Елсворт, што се протега повеќе од 400 километри, па воопшто не е изненадување дека нивните остри врвови ќе се пробијат низ летот. Врвовите се очигледно составени од камен, и сосема е случајно што токму овој врв го има тој облик“, објаснува д-р Mitch Darcy, геолог. „Не станува збор за комплицирана форма, ниту пак за посебна коинциденција. По дефиниција, тоа е нунатак, врв од камен што се издигнува над глечер или ледена површина. Овој врв има форма како пирамида, но тоа не значи дека е човечка конструкција.“

Иако можеби ви звучи мистериозно, најмногу затоа што некој на Интернет го кажал тоа, сепак врвовите во форма на пирамиди не се толку ретки. Најдобри примери се Матерхорн кај Алпите и Монт Буландстиндур во Исланд.

Монт Буландстиндур
Монт Буландстиндур
Па, што мислите вие? Навистина станува збор за планини или сепак се пирамиди направени од човечка или вонземна рака?

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s