Кој вели дека не постојат две идентични снегулки?

Кој вели дека не постојат две идентични снегулки?

Како што полека се подготвуваме за снежните зимски денови, сакав малку да се навратам на една заледена мистерија – дали е вистина дека не постојат две идентични снегулки? Истражувајќи повеќе на оваа тема, налетав на многу информации за Kenneth G. Libbrecht, физичар при Калифорнискиот институт за технологија, кој открил начин како да создаде таканаречени „идентични близначки“ снегулки во својата лабораторија.

Со оглед на тоа што секоја снегулка се движи по различен турбулентен пат низ атмосферата, секое вртење, превиткување и пад предизвикува уникатна симетрија. Но, ако ја отстраните променливоста на природата од равенката, тогаш овие ледени цвеќиња нема да се карактеризираат со уникатност.

Ако поставите две кристални семиња едно до друго, движејќи ги низ сосема идентични услови, тие ќе се претворат во две снегулки со скоро исти сложени форми и дизајни.

Фотографијата од„идентични близначки“ снегулки што била направени под фотомикроскоп, дизајниран за да ги сними малите снежни кристали (Kenneth Libbrecht)
Фотографијата од „идентични близначки“ снегулки што била направени под фотомикроскоп, дизајниран за да ги сними малите снежни кристали (Kenneth Libbrecht)

„Почнав да ги нарекувам идентични близнаци затоа што изгледаат како идентични луѓе“, вели тој. „Тие се премногу слични за тоа да се случило случајно, но не и апсолутно идентични до последен молекул.“

Оформувани во идентични услови, овие две близначки снегулки едвај можат да се распознаат (Kenneth Libbrecht)
Оформувани во идентични услови, овие две близначки снегулки едвај можат да се распознаат (Kenneth Libbrecht)

Овој научник 2 декади создавал снегулки, но досега само еднаш успеал да создаде идентични. Со адаптирање на температурата и влажноста на воздухот тој може да манипулира со нивните дизајни, создавајќи различни видови снегулки. На -10 степени Целзиусови тој создава замрзнати цвеќиња со рамни површини. На -2 степени Целзиусови може да направи триаголни снежни кристали. Ако влажноста на воздухот е висока, се појавуваат ексцентрични странични гранки.

Близначки снегулки, создадени од кристали во исти услови, опкружени со капки вода (Kenneth Libbrecht)
Близначки снегулки, создадени од кристали во исти услови, опкружени со капки вода (Kenneth Libbrecht)

На негово изненадување, тој открил дека снегулките што се создаваат во лабораториски услови не растат на стаклената површина на која се поставени, туку се издигнуваат како печурки. На овие синтетички снегулки им е потребно помеѓу 15 минути и 1 час за да пораснат.

„Ние не нарушивме никакви закони на физиката“, вели тој за своите снегулки. „Едноставно најдовме дупка во законот.“

2 thoughts on “Кој вели дека не постојат две идентични снегулки?

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s