Потребни состојки:
За тестото:
- 215 грама бадемово брашно
- 35 грама сирово какао во прав
- 1 лажица кокосово брашно
- 1/8 лажица сол
- 5 лажици кокосово масло, стопено
- 80 милилитри јаворов сируп
За филот:
- 1 голем портокал, излупен и исечкан на мали парчиња
- 50 грама бадеми, иситнети
- 2 лажици јаворов сируп
- 170 милилитри кокосово млеко, полномасно
- 230 грама темно чоколадо
- Потребни состојки:
Начин на подготовка:
За тестото:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте го садот за готвење со кокосово масло и поставете хартија за печење. Во голем сад, измешајте ги бадемовото брашно, какаото во прав, кокосовото брашно и солта. Во посебен сад, изматете ги кокосовото масло и јаворовиот сируп (матете сè додека не се соединат). Сипете ја смесата во другиот сад со суви состојки и со помош на вашите раце мешајте додека не добиете тесто.
Префрлете го тестото во подготвениот сад за печење и направете неколку дупчиња во центарот со виљушка. Печете 15 минути или сè додека горниот дел не почнува да добива кафена боја. Тргнете го рерна и оставете го да се олади.
За филот:
Поставете хартија за печење на тава за колачиња. Во голем сад, измешајте го портокалот, бадемите и јаворовиот сируп. Разнесете ја смесата над тавата и печете на 180 степени околу 15 минути. Оставете го да се олади 10-тина минути и потоа нанесете го филот на тестото.
Исечкајте го чоколадото на мали парчиња и ставете го во сад отпорен на топлина.
Во тенџере со средна големина стоплете го кокосовото млеко (на среден оган). Почекајте да зоврие и потоа сипете го над чоколадото и оставете го да отстои 5 минути. Мешајте го чоколадото и млекото, започнувајќи од центарот со метална лажица или маталка, сè додека не се комбинираат. Сипете ја добиената чоколадна смеса над портокалите и дозволете им да отстојат 10-тина минути на собна температура. Ставете ја тортата на околу 1 час во фрижидер, односно додека не се стврдне чоколадото.
Добар апетит!