Занимливости

Погледнете ги сите земјотреси што ја потресле нашата планета во последниве 15 години

Станува збор за неверојатна анимација од National Oceanic and Atmospheric Administration (NOAA) која ни ги покажува сите запишани земјотреси што се случиле помеѓу 1 јануари 2001 година и 31 декември 2015 година.

Погледнете ги сите земјотреси што ја потресле нашата планета во последниве 15 години

Со оглед на тоа што во последно време сите сме на штрек за земјотреси, почесто ми се случува да гуглам нешто на оваа тема. И секако, паметниот Гугл, во соработка со Фејсбук, точно знаат што ме интересира во даден момент, па многу често доволно е и само да помислам на одредена тема и оп, одеднаш таа се наоѓа во некоја сугестија за читање на социјалните мрежи. Така и налетав на овој текст од IFLSCINCE, што ме остави целосно без зборови! Иако нивното видео е малку поинакво (на блогов не може да се додаде видео од Фејсбук), сепак сметам дека тоа што го најдов јас е подобро бидејќи се гледа целата планета одеднаш! Ако не ми верувате, споредете го со нивното…

Станува збор за неверојатна анимација од National Oceanic and Atmospheric Administration (NOAA) која ни ги покажува сите запишани земјотреси што се случиле помеѓу 1 јануари 2001 година и 31 декември 2015 година. На момент, ќе имате чувство како да го гледате распаѓањето на светот во живо! Ако ве интересира нешто повеќе за најмоќните земјотреси од овој период, можете да читнете нешто повеќе на овој линк. Во меѓувреме ве оставам да се воодушевите до следново видео…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s