Занимливости

Која е најслободната држава на планетата Земја и на кое место се наоѓа Македонија?

Што мислите, каде личната слобода на граѓаните е најголема и на кое место се наоѓа Македонија?

Секоја година, Институтот Легатум ги рангира државите ширум светот според Индексот на просперитет, така што ги мери нивните перформанси на скала од 8 подиндекси (што можете да ги видите на инфографикот во продолжение).

Меѓу нивните најголеми откритија за 2016 година има нов лидер во однос на личната слобода. Тие ја оценуваат личната слобода на земјите преку испитување на толеранцијата за имигрантите и малцинските заедници, граѓанската слобода и слободата на избор, како и задоволството на граѓаните со нивната слобода на избор. Па, која земја е нашиот нов светилник на слобода?

Одговорот е Луксембург!

Како што можете да видите Луксембург е првиот во однос на личната слобода на граѓаните (7-та колона), но исто така води и во категоријата за здравје на своите жители. Ако сакате подетално да ги анализирате овие податоци, кликнете тука или на скриншотот погоре.

Што се однесува до Македонија, еве како изгледа нашата колона!

Ние се наоѓаме на 53-тото место на просперитет, но кога станува збор за личната слобода на граѓаните, го заземаме 69-тото место (дури и тоа изгледа некако високо на листата, со оглед на тоа што го гледаме во секојдневието…). Што се однесува до другите резултати, повторно можете да ги анализирате со кликнување тука, но со неколку зборови, еве го нивното значење:

  • Економија: 93-то место
  • Бизнис: 44-то место
  • Влада: 62-ро место
  • Образование: 40-то место
  • Здравје: 66-то место
  • Безбедност: 37-мо место
  • Лична слобода: 69-то место
  • Социјален капитал: 119-то место
  • Природна околина: 85-то место

Што мислите за овие резултати?

Во случај да ве интересираат и државите што се наоѓаат на последните десет позиции (најмногу за утеха), еве што покажуваат резултатите за нив…

4-koja-e-najslobodnata-drzhava-na-zemjata

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s