Астрономија

Паралелен универзум: Дали вселената настанала од хипермасивна црна дупка?

Колку лудо и да звучи, изгледа дека одговорот на тоа прашање е можеби.

Паралелен универзум: Дали вселената настанала од хипермасивна црна дупка?

Отсекогаш сум била фасцинирана од постоењето на универзумот. Понекогаш оваа мистерија толку ме обземала, што не сум можела да заспијам во обид да си го објаснам неговото настанување, а со тоа и нашето. Бидејќи повторно сум во некоја ваква фаза, во продолжение споделувам со вас интересна и необична теорија за настанувањето на универзумот што со сигурност ќе ве воодушеви…

Потекло од сингуларитет

Најприфатената теорија за потеклото на универзумот е сè уште онаа што е позната како „Big Bang“ или на нашки, Големиот прскот. Теоријата предложува дека универзумот започнал од мал сингуларитет (од гравитациски вид), што почнал да се шири пред околу 13,8 милијарди години. И покрај тоа што ова проширување ги буни научниците, сепак најголемото прашање е: Што му претходело на Големиот прскот?

Ethan Siegel, физичар и автор за Forbes, објаснува дека постои можност универзумот да започнал од црна дупка. Физичарите Niayesh Afshordi, Razieh Pourhasan и Robert Mann, најпрво ја предложиле оваа идеја во 2013 година – сценарио што од тогаш секојдневно преживува испитувања од страна на други физичари.

Доказите што ја поддржуваат оваа теорија е токму сингуларитетот, појава што досега сме ја сретнале на само две места во универзумот – Големиот прскот и црните дупки. Гравитацискиот сингуларитет е еднодимензионална точка каде што законите за физиката во однос на време-просторот се кршат.

Siegel објаснува:

„Фактот дека црните дупки во нашиот универзум се многу помасивни од ова, воопшто не е проблем. Законите на физиката што ние ги знаеме се кршат кај сингуларитетот што го детектираме во центарот. Ако некогаш сакаме да го објасниме поточно, ќе ни биде потребна унификација на квантната теорија со генералната релативност.“

Во црните дупки, сингуларитетот постои во хоризонтот на настаните. Овој хоризонт на настани им пркоси на сите основи на физиката во нашиот универзум, вклучувајќи ја и квантната механика и теоријата за релативност. Се верува дека хоризонтот на настани на црната дупка е поголем од тоа што честичките во него можат да задржат.

Раѓање на црни дупки

Бидејќи нашето сфаќање за универзумот е многу ограничено, ние едноставно ја нарекуваме оваа точка сингуларитет. Со неколку зборови, хоризонтот на настани во црните дупки е еднодимензионална итерација на нашиот тродимензионален универзум. Имајќи го тоа на ум, дали е можно нашиот универзум да е резултат на поголем, исконски сингуларитет од црна дупка? Дали нашиот универзум е тродимензионална обвивка околу хоризонт на настани во друг универзум?

Според ова сценарио, нашиот универзум прснал во постоење кога ѕвезда во четиридимензионален универзум се претворила во црна дупка.

Siegel објаснува како оваа теорија може да биде можна:

„Како што се формира црната дупка, прво настанал хоризонтот на настани, а потоа како што повеќе материја се насобирала, нагло се проширил и почнал континуирано да расте. Ако поставите мрежа со координати на оваа дводимензионална обвивка, ќе забележите дека потекнува од оние места каде што линиите биле многу близу едни до други, а потоа брзо се проширува како што се формира црната дупка и на крај забавува, но сепак продолжува да се шири како што материјата паѓа со побавно темпо. Ова се совпаѓа, барем концептуално, со тоа што го набљудуваме при проширувањето на нашиот тродимензионален универзум.“

Дали ова значи дека секој пат кога ќе се формира црна дупка, настанува нов универзум? Siegel вели:

„Колку лудо и да звучи, изгледа дека одговорот на тоа прашање е можеби.“

Сепак и покрај тоа што е толку фасцинантно и на некое ниво сосема логично, сепак станува збор за теорија. Потребно ни е многу подобро разбирање на физиката во нашиот универзум со цел да можеме да ја потврдиме оваа теорија.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s