Потребни состојки:
- 30 грама пченкарно брашно
- 100 грама шеќер
- 1/8 кафена лажичка сол
- 710 милилитри млеко
- 170 грама чоколадо, исечкано на коцки
- 1 кафена лажичка чист екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Измешајте ги брашното, шеќерот и солта во сад со средна големина и потоа почнете полека да го додавате млекото, во тенок млаз, додека континуирано мешате, со цел да не се формираат грутки, а откако ќе добиете мазна смеса, набрзина дотурете го останатото. Поставете го на среден оган и повремено мешајте, движејќи се одоздола кон страните. Користете маталка за да ја спречите појавата на грутки.
По 10-минутно варење (или подолго, во зависност од јачината на огнот), во моментот пред да почне да врие, мешавината почнува да згуснува. Во тој момент додајте го чоколадото и мешајте 2 до 4 минути, или сè додека тоа целосно не се соедини со останатите состојки. Потоа тргнете го садот од оган и додајте ја ванилата. Добиената смеса поделете ја во чашки за пудинг или во еден голем сад за сервирање и оставете ја да се олади, околу 2 до 3 часа.
Добар апетит!