Психологија

Ве предизвикувам во 2017 година да бидете помили личности!

Новата година ни овозможува свеж почеток за да правиме нови одлуки за начинот на кој ќе се перципираме себеси, другите и светот околу нас. Па, ако сакате да бидете подобра личност, следете ги овие неколку насоки...

Ве предизвикувам во 2017 година да бидете помили личности!

Понекогаш знам да се изгубам на Psychology Today бидејќи без сомнение има дел од најдобрите автори-психолози што некогаш сум ги сретнала во дигиталниот свет. А верувајте, ако некој многу чита статии – тоа сум јас! Тоа што ми се допаѓа кај нивните наслови, а и самите содржини, е што успеваат на безброј различни начини да поттикнат добра емоција со само неколку зборови. Тоа се случи и со овој текст, што решив да ви го пренесам и вам. Се надевам дека и кај вас ќе разбуди позитивни чувства, како што се случи и кај мене, но и дека ќе ве мотивира да бидете подобри и помили личности во 2017 година!

Претходната година имавме можност да видиме многу трагедија, траума и неправда ширум светот, што доведе до појава на силни негативни емоции. Кога стравот и гневот се насобираат, многу е лесно да се заземе перспективата „ние наспроти нив“ – кога веруваме дека ние сме добрите, а тие се лошите. Но, ако ги мразиме луѓето што не се согласуваат со нас, тоа значи дека и ние стануваме лоши во нечии очи. И кога мразиме, често не успеваме да ги перципираме останатите како комплексни човечки суштества, па ги дехуманизираме и ги гледаме како непријатели, а на тој начин само ја влошуваме ситуацијата која веќе е многу лоша.

Новата година ни овозможува свеж почеток за да правиме нови одлуки за начинот на кој ќе се перципираме себеси, другите и светот околу нас. Па, ако сакате да бидете подобра личност, следете ги овие неколку насоки…

1. Барајте го доброто во другите. Кога ќе го најдете, ценете го и кажете го тоа гласно. Ова може да ви звучи малку непријатно, но според психолошките истражувања, нашите дела може да имаат моќно влијание врз однесувањето на другите луѓе. Ако ги третирате со добрина и милина, истото можете да го очекувате и од нивна страна – тие дури и несвесно ќе почнат на сличен начин да се однесуваат кон вас.

2. Ограничете го изложувањето на негативност. Сите ние несвесно обрнуваме повеќе внимание на негативните информации што содржат потенцијална закана. Токму затоа и медиумите се фокусираат на негативните приказни – тие повлекуваат поголема публика. Добро е да се биде свесен за заканите и проблемите, но внимавајте тоа да не ве натера да поверувате дека негативните исходи ги надминуваат позитивните. Добро изберете го изворот на информации и ограничете го времето и вниманието што ги издвојувате за негативните приказни.

3. Бидете присутни во сегашниот момент. Животот е составен од серија моменти што се случуваат во сегашноста. Со тоа што ќе останете присутни во овој момент, вие ќе се потсетите дека сте одговорни за квалитетот на сопствениот живот. Истражувајте повеќе за свесноста во сегашниот момент и на тој начин ќе си го намалите стресот, а ќе ја зголемите добросостојбата во вашиот живот.

4. Почнете да медитирате. Замислете се себеси, вашите сакани, оние кон кои сте рамнодушни, како и луѓето што не ви се допаѓаат како заедно доживувате среќа и слобода. Овој вид медитација води кон емоционално зајакнување и подобрување на социјалните врски – што ни помага во иднина полесно да се справиме со предизвиците и проблемите.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s