Филм и ТВ

Најдобрите комични ТВ серии за забава на целото семејство

Зарем има подобар начин да се одморат мислите од гледање комични серии? Тие траат само 20 минути, со други зборови не одземаат многу време, и се исполнети со толку хумор (оние што навистина вредат), што имаат терапевтско влијание на своите гледачи.

Најдобрите комични ТВ серии за забава на целото семејство

Изгледа влегов во некоја чудна фаза од мојот живот, па периодов преферирам да гледам комедии, што никогаш досега не ми се случило. Обично сум љубител на научната фантастика, акцијата и мистериите, но има големи шанси да сум се предозирала со овие жанрови, па на мозоков да му треба малку одмор. И зарем има подобар начин да се одморат мислите од гледање комични серии? Тие траат само 20 минути, со други зборови не одземаат многу време, и се исполнети со толку хумор (оние што навистина вредат), што имаат терапевтско влијание на своите гледачи.

За да си ја задоволам потребата за комедии, ги гледав скоро сите што сè уште траат од овој жанр и верувајте ми кога ви велам дека има големи глупости што се емитуваат на малите екрани. Но, сепак успеав да си ги најдам омилените (што и не се баш малку), па решив да ги поделам во неколку категории. Денес почнувам со приказните чие главно дејство се случува токму во семејството, односно со фамилијарните ТВ серии. Во продолжение ви ги претставувам според мене најдобрите и најсмешните, што сè уште активно се снимаат. Уживајте!

Modern Family

Најдобрите комични ТВ серии за забава на целото семејство

На кратко, тоа што навистина ми се допаѓа кај оваа приказна е што едноставно нема граници. Тие не се плашат да ги истражуваат сите аспекти на модерните семејства, како што и самиот наслов ни вели, и на хумористичен начин ни покажуваат дека не постојат разлики помеѓу луѓето кога станува збор за љубовта. Од друга страна пак, ако не ве освојат Клер и Фил со својата незаборавна динамика, давајќи ви цели за вашиот брак, тогаш не знам што повеќе да напишам…

The Middle

Најдобрите комични ТВ серии за забава на целото семејство

Хаос. Тоа е зборот со кој може да се опише оваа приказна. Но, хаос во сосема позитивна смисла. Оваа ТВ серија го следи животот на Хекс, едно сосема просечно американско семејство. Но, тоа што се издвојува како поука во оваа серија е токму односот што тие го имаат еден кон друг. Иако секој си има свои типични и малку пренагласена карактеристики за годините и полот, сепак кога тоа е навистина потребно – тие даваат сè за своите сакани.

Fresh off the Boat

Најдобрите комични ТВ серии за забава на целото семејство

Во последно време сè повеќе наидуваме на моќни главни женски улоги, што ја водат целата серија и тоа кажува многу за борбата на жените за рамноправност. Во Modern Family тоа е Клер, во The Middle – Френки, а тука имаме привилегија да ја запознаеме и Џесика. Не постои нешто што таа не може да го постигне и е вистинска мотивација за младите мајки (особено за имигрантите) што истовремено балансираат помеѓу работата и семејството.

Следната недела ќе составам листа од комични ТВ серии чиј фокус на дејството е токму пријателството. Се читаме набрзо…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s