Книги од македонски писатели за добар почеток на годината

knigi-od-makedonski-avtori-za-dobar-pochetok-na-godinata

Откако знам за себе читам книги на англиски јазик. Но откако ја издадов мојата прва книга, „На работ од времето“, решив да се посветам повеќе на литература од македонски писатели, особено на оние младите кои сè уште се пробиваат на оваа сцена (исто како и јас). И бидејќи бев на шопинг за книги, решив да ги споделам со вас оние што ги избрав за читање за овој месец. Гледав да бидат различни жанрови, започнувајќи од поезија, па сè до психолошки трилер. И секако, бидејќи читнав по малку од сите („Со ветрот под рака“ веќе ја прочитав, во еден здив!), во овој момент можам само да ви ги предложам како интересни наслови од талентирани момци и девојки – тоа што го читнав досега навистина беше добро. Понатаму можеби ќе се обидам да составам и рецензии за оние што ќе ми остават поголем впечаток. Да не должам, еве за кои книги станува збор…

1. Spectator – Жарко Кујунџиски

„Набљудувам. Патувам и го набљудувам светот. Патувам низ светот за да ги набљудувам луѓето. Нивната љубов, патувам низ нивната љубов, воздишки, тага и разделби, нивните радост и возбуди. А дома сум. Го читам Spectator, го читам Жарко Кујунџиски. И треба да кажам нешто за книгата. Јас не сум книжевен теоретичар. Кога пишувам сум писател, кога читам сум читател. Но, кога зачекорив во светот на Spectator, станав нешто трето, станав читател кој во себе раѓа писател, затоа што читав и сонував свет што и јас сакам да го надградувам. Затоа што Spectator секојдневието го прави волшебно и ти дава можност и ти како читател да се искреираш во книгата. Да се бараш себе, својата љубов, онаа што завршила, онаа што наскоро ќе се роди. Ако никогаш не ви паднало на ум како изгледа ДНК на љубовта Spectator ви ја нуди таа лекција. Тука ќе ја најдете биологијата на човечката љубов, хемијата на еротиката, физиката на страста. Затоа доста читате што јас сум нашол читајќи го Spectator. Седнете и читајте го Spectator. Знам дека ќе го најдете тоа што ви е потребно.“ – Александар Русјаков

Линк до Goodreads.

2. Со ветрот под рака – Д. А. Лори

snapseed

„Д.А. Лори ни нуди таков жар додека читаме што забораваме дека внатрешното устројство е исполнето со интимен порив. Соживувањето со поетскиот глас е неизбежно, стилската изведба со жестокост, но и со доза избалансирана, умерена итрост си поигрува со архетипите што ни се досега (не)познати, симболичност што плови на моменти во мирно море, а на моменти нè фрла во вакуумот помеѓу карпата и бранот што удира во неа. Чувството да се има новата книга на Д.А. Лори, Со ветрот под рака, во свои раце пред другите и да знаеш дека таа создала едно дело што ќе остане врежано во историјата на современата македонска поетика е уникатно, прекрасно, во најмала рака ‘ветровито’.“ – Mитко Гогов

Линк до Goodreads.

3. Куфер за тројца – Живко Грозданоски

snapseed

„Со голема леснотија и многу хумор, кој понекогаш е урнебесен, а понекогаш многу горчлив и повеќе нè тера на плачење отколку на смеење, авторот зборува за сеопштата ‘сапунизација’ и тривијализација на секојдневието, вешто поигрувајќи си со конвенциите и општите места од она што е масовна и поп-култура. Боејќи ги приказните со локален колорит, Грозданоски не ги штеди малограѓанштината, глупавоста и плашливоста на просечниот човек.“ – Иван Шопов

Линк до Goodreads.

4. Крвава месечина – Катерина Шошко

snapseed

Романот Крвава месечина ги спојува не толку популарните жанрови кај нас, крими-романот и психолошкиот трилер, но така што тие не се наметнуваат како негова главна карактеристика, туку можеби се јавуваат како потпрашање или контекст во приказната за Луна и за нејзината одмазда. Меѓутоа, во многуте други приказни што ќе се следат во Крвава месечина, во испреплетените и понекогаш романтичарски извонредни соодноси на ликовите, ќе стапнеме малку во политичките перипетии, ќе ги видиме заразноста на семејната драма, намамувачките игри на романтичната драма, средношколската драма, и комплексноста на семејното насилство.

Линк до Goodreads.

На работ од времето

И секако, како за крај, морам да ја искористам оваа шанса за shameless self-promotion. Ако сте расположени за научна фантастика, поточно, постапокалиптична дистопија, тогаш можеби ќе ви се допадне мојата книга – На работ од времето! Станува збор за првиот дел од трилогијата Наследството на Вероника, каде што го запознаваме новиот свет преку очите на млада девојка со неверојатни способности, која живее во далечна иднина на планетата Земја. Ако сте ја прочитале или планирате да го сторите тоа, го очекувам вашето мислење на Goodreads.

Уживајте во читањето!

One thought on “Книги од македонски писатели за добар почеток на годината

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s