Астрономија

Во 2022 година небото ќе го осветли експлозија од судир на две ѕвезди

Денес, по 2-годишно внимателно набљудување, тие со сигурност можат да кажат дека се доближуваат и дека ќе експлодираат како „црвена нова“, за околу 5 години од сега.

Во 2022 година небото ќе го осветли експлозија од судир на две ѕвезди

Универзумот никогаш нема да престане да ме воодушевува. Штом помислам дека веќе сè е прочитано, ќе се појави некоја ваква информации што целосно ќе ме остави без зборови. Изгледа дека еден тим астрономи направиле интересно предупредување – во 2022 година, плус-минус неколку години, две ѕвезди ќе се спојат и ќе експлодираат, станувајќи едно од најсветлите објекти на нашето ноќно небо, на кратко.

И покрај тоа што е многу тешко да се предвидат стеларни катастрофи од овој вид, сепак овој бинарен пар долго време е набљудуван како танцува со смртта, па според тоа и може да се дојде до заклучок дека крајот е неизбежен. Но, тоа што е интересно е дека овие научници веруваат дека ја нашле формулата за предвидување на тој крај.

Истражувачите започнале да ги проучуваат овие ѕвезди, познати како KIC 9832227, уште во 2013 година, но тогаш не знаеле дали станува збор за бинарен систем или ѕвезда што пулсира. Тие откриле дека брзината на нивната орбита се зголемува, давајќи ни до знаење дека тие се доближуваат. Всушност, овие ѕвезди се толку блиску една до друга, што веќе делат атмосфера!

Денес, по 2-годишно внимателно набљудување, тие со сигурност можат да кажат дека се доближуваат и дека ќе експлодираат како „црвена нова“, за околу 5 години од сега. Научниците продолжуваат да го следат KIC 9832227 со цел да откријат што повеќе можат за смртта на бинарните ѕвезди што резултира со „црвена нова“. А кога ќе експлодира, ќе биде вистинско шоу!

Па, што мислите вие? Дали овие научници можат да го предвидат овој застрашувачки вселенски настан? Ако ме прашувате мене, јас мислам дека е навистина храбро од нивна страна што успеале да поддржат таков заклучок со факти, но сепак станува збор за толку непредвидлив настан што едноставно не може со сигурност да се потврди кога ќе се случи.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s