Психологија

50 мали нешта што можете да ги направите кога ќе се чувствувате како да се давите во анксиозност

Анксиозност. Една од најчесто разговараните теми во модерниот свет. И тоа воопшто не ме изненадува со оглед на фактот дека секој човек, барем еднаш во својот живот се почувствувал малку анксиозно.

50-mali-neshta-shto-mozhete-da-gi-napravite-koga-kje-se-chuvstvuvate-kako-da-se-davite-vo-anksioznost

Анксиозност. Една од најчесто разговараните теми во модерниот свет. И тоа воопшто не ме изненадува со оглед на фактот дека секој човек, барем еднаш во својот живот се почувствувал малку анксиозно. Без разлика дали тоа било предизвикано од подготовка за испит или пак, од нешто што целосно го менува животот – како на пример, загуба на сакана личност, анксиозноста е присутна во секој аспект од нашето секојдневие. И некои луѓе подобро се соочуваат со неа, додека пак на другите им е потребна мала помош. По мало онлајн истражување, мислам дека ги најдов најдобрите 50 кратки совети за справување со анксиозноста!

  1. Земете длабоко воздух.
  2. Направете си бања со морска сол.
  3. Излезете на прошетка.
  4. Почнете со вежбање јога.
  5. Обидете се да медитирате.
  6. Пуштете ја вашата омилена музичка плејлиста.
  7. Вежбајте.
  8. Одете на масажа.
  9. Запалете ја вашата омилена свеќа.
  10. Свртете круг со автомобилот околу вашиот град.
  11. Јадете здрави закуски.
  12. Дајте сè од себе за да ја препознаете ситуацијата.
  13. Запишувајте ги своите мисли во дневник.
  14. Разговарајте за тоа што ви се случува со некого што му верувате.
  15. Прифатете дека не можете сè да контролирате.
  16. Опкружете се со луѓе што ве поддржуваат.
  17. Избегнувајте кофеин.
  18. Направете листа од сите оние нешта што сакате да ги остварите за да можете да ги визуализирате.
  19. Внесете повеќе хумор и смеа во вашиот живот.
  20. Излезете од домот на отворено.
  21. Предизвикајте ги вашите анксиозни мисли.
  22. Играјте си со домашно милениче.
  23. Правете нешто во што навистина ќе уживате.
  24. Јавете се на пријател со кој не сте зборувале долго време.
  25. Земете пауза и едноставно не правете ништо.
  26. Читајте онлајн статии.
  27. Користете мириси на лаванда за да се смирите.
  28. Организирајте дел од вашиот дом.
  29. Ставете лосион за тело.
  30. Уживајте во природата или на друго тивко место.
  31. Простете си себеси.
  32. Размислувајте за добрите нешта во вашиот живот.
  33. Престанете да брзате и забавете малку.
  34. Избегнувајте алкохол
  35. Прашајте се дали се грижите за нешто што е надвор од вашата контрола.
  36. Прашајте се што е најлошото нешто што може да се случи.
  37. Насмејте се.
  38. Напишете им убави пораки на вашите пријатели, без причина.
  39. Дремнете 30-тина минути.
  40. Научете се на нова способност.
  41. Постигнете нешто што одамна го одложувате.
  42. Создајте некаков вид уметност, дури и ако сметате дека немате уметничка страна.
  43. Истегнете се.
  44. Пејте и танцувајте, дозволете им на позитивните емоции да се рашират низ вашето тело.
  45. Масирајте си ги рацете.
  46. Разгледајте стари фотографии и навратете се на убави сеќавања.
  47. Пијте топол чај.
  48. Волонтирајте.
  49. Истуширајте се со жешка вода (и плачете ако имате потреба).
  50. Потсетете се дека иако во моментов сè ви изгледа лошо, сепак сè ќе биде во ред.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s