Мали мистерии

Научниците нашле можно објаснување зошто врелата вода замрзнува побрзо од студената

Постојат многу мистерии на планетата Земја, што изгледаат толку едноставно, но сепак не можеме да им најдеме објаснување. Една од овие мистерии е фактот што врелата вода замрзнува побрзо од студената.

Научниците нашле можно објаснување зошто врелата вода замрзнува побрзо од студената

Постојат многу мистерии на планетата Земја, што изгледаат толку едноставно, но сепак не можеме да им најдеме објаснување. Една од овие мистерии е фактот што врелата вода замрзнува побрзо од студената. Читајќи еден од моите омилени веб-сајтови, Futurism, наидов на интересна статија што конечно ни претставува можен одговор на ова прашање. И како и секогаш, објаснувањето е многу забавно, па затоа решив да го споделам и со вас.

Нетрпение и сладолед

Научниците нашле можно објаснување зошто врелата вода замрзнува побрзо од студената

Сте чуле некогаш за Ерасто Мпемба? (мислам дека на овој начин се изговара неговото име, Гугл не беше од голема помош! Поправете ме ако грешам…). Поради својата нетрпеливост при подготовка на домашен сладолед, ова момче решило да ја стави зовриената мешавина во замрзнувач пред таа да се олади. Тоа било причината и зошто неговиот сладолед замрзнал побрзо од оној на неговите пријатели. Овој феномен, каде што сладоледот (или едноставно кажано водата), замрзнува побрзо додека сè уште врие, бил наречен ефектот Мпемба, по името на момчето, и потоа бил објавен како студија од професор по физика во соработка со него.

И покрај тоа што сè ова се случувало во 1960-тите години, научниците продолжиле да го истражуваат овој феномен. Но, мистеријата не започнала тогаш. Пред повеќе од 2.000 години Аристотел се прашувал зошто жешката вода замрзнува побрзо од ладната. Исто како и Френсис Бејкон и Рене Декарт.

Дури и по толку години, физичарите не успевале да сфатат точно зошто настанува овој феномен. Како всушност работи? Биле направени голем број обиди за да се испита ефектот Мпемба, но решението постојано им се лизгало од раце на научниците – најмногу затоа што е многу тешко да се создаде овој ефект во контролирани услови. Неколку објаснувања биле предложени, особено откако „Royal Society of Chemistry“ спровеле натпревар во 2012 години за научниците да се обидат да го објаснат. Но, сите објаснувања останале непотврдени.

Тајната е во поврзаноста

Научниците нашле можно објаснување зошто врелата вода замрзнува побрзо од студената

Неодамна, тим научници од Америка и Кина подобро го проучиле ефектот Мпемба. Во студијата објавена во журналот „Chemical Theory and Computation“, тие објаснуваат како тајната би можела да се крие во чудните карактеристики формирани од врските помеѓу атомите на водород и кислород во молекулите на водата.

„Можеме да забележиме дека водородните врски се менуваат кога ќе ја загрееме водата“, вели еден од научниците на студијата. Изгледа цврстината на водородните врски зависи од околните водени молекули. Во нивната симулација на студена вода, тие набљудувале истовремено и слаби и силни водородни врски. Но, во симулациите со повисока температура на водата, повеќето од останатите водородни врски биле цврсти, а послабите се кршеле.

Студијата ни дава можно објаснување како ова предизвикува водата да замрзне побрзо:

Анализата ни овозможи да предложиме молекуларно објаснување за ефектот Мпемба. Во топла вода, послабите водородни врски со предоминантно електростатични придонеси се кршат и малите водени јадра со силни водородни врски остануваат, забрзувајќи го јадрениот процес што води кон шестоаголна решетка цврст мраз. Секако, потребно е уште многу истражување за да се потврди оваа теорија.

Па, што навистина се случува? Ќе биде потребно време за да се разбере, но се надевам дека нема да мора да се чека уште 2.000 години за решението. Во секој случај овие студии ни овозможуваат подобро да ја сфатиме водата, како и да ги истражуваме карактеристиките на водородните и кислородните врски за кои претходно не бевме свесни. Можеби ќе успееме да откриеме и нешто помистериозно од ефектот Мпемба!

Во случај да не ви се верува дека ова е вистина, еве едно кратко видео како доказ!

Исто така можете да го ѕирнете и ова видео како што самиот Мпемба објаснува нешто повеќе за феноменот што го добил неговото име. Да ве предупредам само, многу тешко се разбира иако зборува англиски јазик. Толку тешко што ни автоматскиот превод не ги детектира сите изговорени зборови…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s