Занимливости

Сакате да научите да свирите на гитара? Ви ја претставувам најдобрата школа во Македонија!

Дами и господа, запознајте ги Гитара Пет!

Од секогаш ме интересирале музичките инструменти – во основно свирев на мандолина во оркестар (уште ги памтам нотите од композицијата со која земавме прво место!), а во средно поминав низ неколку забавни часови за гитара, одржани од страна на близок пријател (можеби и би можела пак да отсвирам нешто од Bijelo Dugme!)  – но животот ми тргна во сосема друга насока и едноставно го оставив тој дел зад себе. Сепак тоа не значи дека одвреме-навреме не земам гитара во рака, чисто за забава. Токму затоа и многу ми беше мерак кога чув дека неколку блиски личности отвораат сопствено школо за гитара.

Станува збор за Гитара Пет! Еве што тие велат за себе на својот официјален веб-сајт:

Најуспешните од Асоцијацијата Петков Институт, заедно со професорот, почнаа да спремаат концерт, класичен концерт. Одлично им одеше, дури почнаа и да ја снимаат песната. За жал професорот почина, а дечките останаа на раскрсница без патоказ, но нивните амбиции им ја осветлија насоката и решија да ја отворат оваа Школа.

Гитара Пет е невладина организација со цел да ја научи младината на културата и уметноста на класичната гитара. Основана од 5 професори, сите повеќегодишни ученици и предавачи во Асоцијација Петков Институт и Културно Едукативен Центар Илинден, ќе ја извршуваат наставата и ќе ги реализираат целите.

Во соработка со останати невладини, познати кафулиња и младински културни центри, Гитара Пет ќе се погрижи музиката научена во школата да не остане таму, туку да се прошири, од најмали свирки, па сè до големи концерти.

И сега преминуваме на најдобриот дел. Овој месец, за добар почеток на годината, тие објавија одлична понуда на Групер, каде што можете да си земете месечна членарина со попуст од 50%, односно наместо за 1.000, можете да се обидете за само 499 денари да ги развиете вашите музички таленти. И нема да згрешите! Не го кажувам ова затоа што се мои луѓе, туку затоа што целиот тим професори се неверојатно талентирани и мотивирани да го пренесат своето знаење на оние што ја делат истата љубов кон музиката со нив.

Што се однесува до програмата, еве што ве очекува ако решите да им дадете шанса:

  • Изучување на основата на гитара односно акордите.
  • Продолжуваме со основно познавање на петолиние, ноти и останати знаци на петолинието.
  • Раздвижување на прсти со неколку класични композиции.

По завршувањето на основите, учениците одбираат насока во која сакаат да го продолжуваат своето школување:

  • Музичка теорија
  • Класична гитара
  • Рок гитара
  • Џез гитара
  • Метал гитара
  • Забавна музика гитара
  • Други видови
  • Свирење во Дует
  • Свирење во Трио
  • Компонирање

За најуспешните следува снимање на изведени композиции и на сопствени авторски дела, соработка со кафулиња и настапи на концерти. Гитара Пет на годишно ниво ќе одржува хуманитарни настани, концерти и ќе настапува на натпревари. А во соработка со институциите од ЕУ ќе дејствува и надвор од државата.

Ве заинтересирав? Можете да ги најдете на Фејсбук, Твитер и Јутјуб за повеќе информации! А ако веќе решивте да одите, еве ја и нивната локација.

И за крај, ве оставам да уживате во една од најубавите мелодии некогаш составени, во изведба на Тања Стојановска, една од професорите во школата…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s