Вселенскиот телескоп Хабл направил спектакуларна фотографија од смртта на една ѕвезда – настан што ретко може да се набљудува од страна на астрономите. Ѕвездата, односно црвениот џин, во своите последни фази на живот ги исфрлила своите надворешни слоеви, оставајќи околу себе облаци од гасови и прашина, што се нарекува планетарна маглина. Ако сакате да прочитате повеќе за оваа фотографија, кликнете тука.
