Занимливости

Неверојатни факти за секојдневниот живот што ќе ве остават целосно без зборови

Факти што сите ние би требало да ги знаеме, а се толку неверојатни што при секое нивно потсетување ќе го имаат истиот ефект на зачудување како и при првото читање!

Неверојатни факти за секојдневниот живот што ќе ве остават целосно без зборови

Ако ме прашувате мене, не постои подобар веб-сајт со информативно забавна содржина од brigthside.me! Ако не сте имале можност да прочитате нешто од него, топло ви препорачувам веднаш да кликнете на линкот што ви го оставив погоре. Ако го знаете, тогаш сигурно и вие, исто како мене, редовно го отворате и барем една статија дневно ве остава целосно без зборови. Имајќи го тоа на ум, пред некој ден налетав таму на оваа статија со неверојатни факти за секојдневието што едноставно не можев да издржам да не ја споделам (со други зборови, преведам!). Во продолжение следуваат факти што сите ние би требало да ги знаеме, а се толку неверојатни што при секое нивно потсетување ќе го имаат истиот ефект на зачудување како и при првото читање!

  • Белата материја, што е одговорна за комуникацијата помеѓу различни области во мозокот, продолжува да се зголемува сè до вашата 48-ма година.
  • 85% од мажите сметаат дека жените со очила се поатрактивни.
  • Секој петти пар во светот се запознал на Интернет.
  • Не постои начин да се сетите на почетокот на сон.
  • Русите бради растат побрзо од црните бради.
  • Кога слушате музика, можете да испиете многу повеќе алкохол за краток временски период.
  • Луѓето имаат тенденција повеќе да веруваат во оние нешта што се шепотат.
  • Во просек, секој човек поминува околу 2 недели од својот живот чекајќи го семафорот да стане зелен.
  • Бананите се единственото овошје на планетата на кое дури ни бебињата не се алергични.
  • 40% од земјината површина се наоѓа во 6 држави.
  • Осите можат да ги препознаат и запомнат лицата на други оси.
  • Целосната површина на човековите бели дробови е еднаква на тениско игралиште.
  • Високото IQ може да го продолжи животот на мажите, а да го намали животот на жените.
  • Музиката има моќ да ја намали болката.
  • Мажите имаат потреба од две „машки вечери“ неделно за да бидат здрави.
  • Мажите кои ги бакнуваат своите сопруги пред да одат на работа живеат од 5 до 7 години подолго од оние што немаат ваква навика.
  • Електронските цигари можат да ја намалат способноста на имунитетот.
  • Чадот од оган е 30 пати поканцероген од чадот од цигари.
  • Шеќерната волна била измислена од заболекар.
  • За време на својот живот, една просечна личност јаде околу 40 тони храна.
  • Јаболковите семки се отровни бидејќи содржат 0,6% цијанид.
  • Долготрајното чувство на вина може да го уништи вашиот имунитет.
  • Џвакањето мастика ја зголемува брзината на вашиот мозок за обработка на информации.
  • Медот е единствениот продукт што не се расипува – тој може да се јаде дури и по стотици години.
  • Луѓето со сини очи гледаат подобро во темнината.
  • Кока колата може да ви помогне при лечење тврда столица, лошење и болно грло.
  • Ефектот на мажоретки е феномен каде што девојките згледаат поатрактивно доколку се во група отколку кога би биле сами.
  • Луѓето користат 17 мускули кога се смеат.
  • Сликата од десната страна покажува како би изгледало дневното небо доколку нашата планета нема атмосфера!

Неверојатни факти за секојдневниот живот што ќе ве остават целосно без зборови

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s