Занимливости

Сателит од НАСА снимил огромен леден брег што се одвојува од најголемиот глечер на Антарктикот

Не верувате дека климата се менува? Можеби мислењето ќе ви се промени откако ќе го видите ова ледено парче со должина од 1,6 километри што се одвоило на 26 јануари од островскиот глечер Бор на Антарктикот.

Сателит од НАСА снимил огромно ледено парче што се одвојува од најголемиот глечер на Антарктикот Сателит од НАСА снимил огромно ледено парче што се одвојува од најголемиот глечер на Антарктикот

Не верувате дека климата се менува? Можеби мислењето ќе ви се промени откако ќе го видите ова ледено парче со должина од 1,6 километри што се одвоило на 26 јануари од островскиот глечер Бор на Антарктикот. Неверојатниот и истовремено застрашувачкиот настан бил снимен од страна на сателитите на НАСА.

Островскиот глечер Бор е еден од најголемите глечери на западниот Антарктик, заземајќи околу 20% од сите ледени површини во океанот. Тој исто така е и еден од најмалку стабилните, со оглед на тоа што во последниве неколку години целосно се повлекува и губи големи количини лед. Се случувало и ледени брегови со големина на еден град да се одвојат од него.  Последен пат кога овој глечер загубил значителна површина од својот лед, било во јули 2015 година, кога ледено парче со големина од 580 километри квадратни се одвоил од него.

Да се вратиме повторно на настанот што се случил годинава помеѓу 25 и 29 јануари. Еден од сателитите што ја набљудуваат Земјата, поточно Landsat 8, направил застрашувачки фотографии од отцепувањето на огромен дел од овој глечер. И покрај тоа што овој леден брег е околу 10-тина пати помал од оној во 2015 година, сепак научниците од НАСА објаснуваат дека овие одронувања покажуваат колку се нежни глечерите и колку многу промената на климата влијае на нивната структура.

Промената на климата и затоплувањето на океанот се поврзува со неодамнешните повлекувања и топењето на ледот ширум светот. И покрај тоа што олку брзо одронување најчесто е чудно за глечер, сепак овие масивни ледени површини во Западниот Антарктик се ронат поради дотокот на топла океанска вода под нив. Една неодамнешна студија открила дека океанот што се затоплува го топи островскиот глечер Бор од центарот кон нанадвор.

Овие топли океански води предизвикуваат целата ледена површина на Антарктикот да се распаѓа однатре. Токму затоа и научниците предупредуваат дека тој ќе се распадне целосно во текот на следните 100 години.

А сега да отпатуваме и до другата страна на Земјината топка, кон Арктикот, за да ви ја доловам целосната застрашувачка слика предизвикана од промената на климата и затоплувањето на океаните. Можеби сте прочитале претходно, но сепак сметам дека ова е одлична шанса да ве потсетам на фактот дека ледените брегови на Арктикот се толку многу стопени, што требало да се направи нов атлас! И покрај сè, ние продолжуваме да не се грижиме за планетата и полека, но сигурно да ја уништуваме. Време е да преземеме нешто!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s