Занимливости

Зеландија: Новиот континент на планетата Земја

Веќе знаете дека Нов Зеланд е помалиот сосед на Австралија, но дали сте чуле дека тој лежи на сосема различен континент?

Зеландија: Новиот континент на планетата Земја

Пред да заспијам, најчесто имам навика да читам што има ново ширум светот, па така и налетав на оваа интересна статија што ми даде инспирација да продолжам да пишувам за блогов по кратка (оправдана) пауза. Па, како првиот пост од новото место на живеење, решив да споделам со вас во кратки црти тоа што успеав да најдам за Зеландија – новиот континент на планетата Земја!

Веќе знаете дека Нов Зеланд е помалиот сосед на Австралија, но дали сте чуле дека тој лежи на сосема различен континент? Според објавата во „The Geological Society of America“, научниците откриле нов огромен континент што го нарекле Зеландија. Тоа значи дека конечно Нов Зеланд и Австралија ќе добијат малку повеќе простор за дишење, бидејќи и покрај тоа што се толку блиску, сепак лежат на различни континенти. Фасцинантно, зар не?

Зеландија: Новиот континент на планетата Земја

Новиот континент, покрај Нов Зеланд, ја вклучува и Нова Каледонија, заедно со уште неколку територии и групи на острови во близина.

Студијата на оваа област траела околу 10 години и научниците конечно успеале да се соберат доволно информации за големината на оваа област, а со тоа и официјално да ја прогласат за посебен континент. Претходно Нов Зеланд и Нова Каледонија биле сместени во истата група со Австралија, под прекарот Австралазија.

Интересно е што оваа новина доаѓа само една недела откако друга група научници откриле „загубен континент“ под Маврициус, во Индискиот океан. Но, за тоа ќе напишам нешто повеќе во следна прилика. Во меѓувреме, можете да прочитате нешто повеќе тука

One comment

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s