Астрономија

Научници од НАСА пронашле скриено богатство со планети погодни за живот околу блиска ѕвезда

За сите љубители на вселенските новости, НАСА изјави дека биле откриени седум планети со големина на Земјата, во зоната погодна за живот, околу една ѕвезда што се наоѓа на оддалеченост од едвај 39 светлосни години.

Научници од НАСА пронашле скриено богатство со планети погодни за живот околу блиска ѕвезда

За сите љубители на вселенските новости, НАСА изјави дека биле откриени седум планети со големина на Земјата, во зоната погодна за живот, околу една ѕвезда што се наоѓа на оддалеченост од едвај 39 светлосни години. Во долго очекуваната прес-конференција оваа среда, вселенската агенција ги споделила деталите за вселенските светови околу TRAPPIST-1, џуџеста планета што се наоѓа во соѕвездието Водолија.

Од сите карпести планети, дури 3 лежат во зоната „Златокоса“ – област погодна за живот околу ѕвезда, каде што планетите најверојатно имаат течна вода, а со тоа и живот. Но, доколку постојат идеални атмосферски услови, според научниците, сите седум планети имаат потенцијал за течна вода. Овие егзопланети (планети што орбитираат околу друга ѕвезда наместо околу нашето сонце) овозможуваат досега најдобри шанси за научниците конечно да одговорат на прашањето дали луѓето се сами во универзумот.

Тоа што исто така е фасцинантно кај ова откритие е што станува збор за првиот познат систем со седум планети слични на Земјата што орбитираат околу една ѕвезда. Сепак, споредено со нашето сонце, TRAPPIST-1 е многу студена. И планетите кружат многу поблизу до оваа ѕвезда, околу нашите околу нашата. Всушност, сите планети се поблизу од местоположбата на Меркур до нашето сонце. А исто така се и многу блиску едни до други. Тоа значи и дека ако сте на површината на една од овие планети, би имале прекрасен поглед кон останатите. Вие не би ги гледале како што ги гледате Венера и Марс, како точки светлина. Би можеле да ги видите како што ние ја гледаме месечината!

На околу 39 светлосни години оддалеченост, овој систем е релативно блиску. За споредба, најблиската ѕвезда до нашиот Сончев систем е околу 4,22 светлосни години. Што значи тоа? Дека кога би патувале со брзината на светлината, би можеле да бидеме таму за само 39 години! Во моментов сè што ни преостанува е да се надеваме дека ќе си запознаеме нови соседи и дека ќе можеме многу да научиме од нив!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s