Ако сте едни од оние луѓе што често летаат или пак, патувате ретко, но едноставно сакате да си имате пристап до Интернет кога го правите тоа, тогаш гордо изјавувам дека ја пронајдов најдобрата информација за вас! Сосема случајно наидов на една опција од Google Maps каде што има пристап до сите лозинки на аеродромите ширум целиот свет. Прекрасно! Со оглед на тоа колку се израдував, иако не сум голем љубител на летање со авион, бидејќи знам какво е чувството да се чека кога летовите доцнат или авионот се пропуштил, решив да го споделам ова и со вас. Секако ќе ви биде потребен Интернет за да пристапите до самите лозинки, но тоа можете да го направите и од удобноста на вашиот дом уште пред да тргнете, за да бидете спремни кога ќе чекате на аеродром. Ве оставам да си ја разгледате оваа листа и ако патувате, да си ги запишете потребните лозинки!