Книги

Книга на викендот #2: Ние предметите – Жарко Кујунџиски

Кога јас раскажувам, знам да се заборавам од пишување, во обид да доловам нешто дури и до најситниот детаљ, но кога Жарко го прави истото, доволни му се само неколку редови за да ви ја пренесе својата замисла толку живописно, што ќе добиете чувство како да сте прочитале цела серија книги, а не само една песна.

Претходната недела решив да почнам со предлози за читање, па како за прва книга ви ја препорачав „A Million Suns“ – научно фантастична приказна што навистина ме воодушеви. За оваа недела, размислував да продолжам со истиот жанр, но со оглед на тоа што сакам да вметнам и македонски книги, решив наизменично да ги менувам, така што секоја втора недела ќе си издвојувам по еден македонски автор што во последниве неколку години ми оставил позитивен впечаток.

Разгледувајќи ги книгите што во моментов ги имам дома, ми се виде правилно да почнам токму со Жарко Кујунџиски, без кој мојата книга, „На работ од времето“, можеби уште немаше да постои во печатена форма. „Ние предметите“ ја добив од него како подарок, па љубопитно ја отворив уште истиот ден, сакајќи само да ја разгледам, но содржината толку ме привлече што дури откако стигнав на последната страница сфатив дека всушност целата сум ја прочитала.

Не сум голем љубител на поезија, но ги ценам убаво напишаните дела, па понекогаш се случува да се изгубам во нечии зборови и да се воодушевувам прашувајќи се како некој успеал да каже толку многу работи со само неколку зборови. Кога јас раскажувам, знам да се заборавам од пишување, во обид да доловам нешто дури и до најситниот детаљ, но кога Жарко го прави истото, доволни му се само неколку редови за да ви ја пренесе својата замисла толку живописно, што ќе добиете чувство како да сте прочитале цела серија книги, а не само една песна. И најинтересното од сè – ќе ви ја поттикне фантазијата и ќе ве натера самите во мислите да си ја продолжите приказната и истата да си ја завршите онака како што вам најмногу ви се допаѓа. За да го доловам овој момент, издвојувам неколку редови од неговата книга:

Во книгите на

пазарот за стари книги

има многу посвети

од луѓе што не се веќе тука.

Затоа и јас ќе ти подарам една.

Дури и кога ќе нè нема,

нашите избледени имиња на маргините

ќе оживеат преку фантазијата

на луѓето

кои ќе го дешифрираат

овој лош ракопис.

Признајте, одамна немате прочитано нешто толку убаво! Не ви откривам ништо повеќе за оваа книга, освен тоа дека можете да ја најдете во Антолог. Можеби веќе сте ја прочитале? Споделете го вашето мислење во коментарите подолу. Исто така ако имате некој предлог за читање, без разлика дали е странска или македонска книга, слободно пишете ми.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s