Филм и ТВ

Две нови ТВ серии со суперхерои од универзумот на Марвел што целосно ќе ве обземат

Оние што лично ме знаат веќе се добро запознаени со мојата фасцинација за ТВ сериите! Особено научно фантастичните приказни што имаат единствена способност да ме однесат во некој сосема различен свет, полн со чудесии и мистерии што чекаат да бидат откриени.

Оние што лично ме знаат (и оние што редовно ме читаат на блогов, па и на Кафе пауза) веќе се добро запознаени со мојата фасцинација за ТВ сериите! Особено научно фантастичните приказни што имаат единствена способност да ме однесат во некој сосема различен свет, полн со чудесии и мистерии што чекаат да бидат откриени.

Уште подобро ако станува збор за суперхерој во главната улога – тогаш можам слободно да се затворам во мала соба, меѓу четири ѕида (не ми е потребен дури ни прозорец) и да гледам со години, соживувајќи се со карактерот и замислувајќи како би било ако и јас поседував барем една од неговите или нејзините способности. Впрочем затоа и ја напишав мојата прва книга, На работ од времето! Тоа беше одлична прошетка (и сè уште е, бидејќи во моментов работам на второто продолжение) во чевлите на личност која има неверојатни способности…

Да не должам, следуваат двете нови приказни за суперхерои од универзумот на Марвел што мене лично ме маѓепсаа и ме оставија без зборови.

Legion

Додека ја гледате Legion, ќе имате чувство како да сте под дејство на некоја силна дрога. Ништо од тоа што го гледате нема да ви има смисла, а неретко брзите и куси кадри ќе ви предизвикуваат вистинска вртоглавица. Приказната постојано скока од еден настан на друг, и ако не внимавате, ќе го пропуштите дури и најочигледното. Затоа, кога ќе седнете да ја гледате оваа ТВ серија, топло ви препорачувам да сте одморени и будни. Во спротивно единственото нешто што ќе го паметите откако ќе заврши епизодата, ќе биде името на главниот лик, Дејвид, што сите постојано го извикуваат. Имајте на ум дека приказната вклучува и хорор моменти, па бидете спремни и на тоа!

Кога веќе го спомнав Дејвид – тој е мутант со неверојатни способности. Покажува знаци на телепатија, телекинеза и уште многу други моќи кои сè уште не знае како да ги контролира. И тоа воопшто не изненадува со оглед на тоа што цел живот бил убедуван дека е шизофреничар и бил чуван под дејство на силни медикаменти. Често завршувал и во ментални институции поради слабата самоконтрола. Тој конечно е откриен од страна на група мутанти што ќе му помогнат подобро да разбере кој е, односно што е. Дејвид почнува да ги открива своите неверојатни способности, една по една, додека истовремено ни покажува дека светот што го гледаме не е ништо во споредба со тоа што постои.

Iron Fist

Што е дефиницијата за суперхерој? Сигурно првото нешто што ви паѓа на памет се неверојатните натчовечки способности и желбата да се направи нешто добро за човештвото. Кога подобро ќе размислите, ќе сфатите дека покрај овие две карактеристики, следуваат и низа негативни црти, како на пример, ароганција, препотентност, тврдоглавост, проблеми со гневот и бесот, лутина, незадоволство од животот, несреќа, збунетост, омраза, потреба за одмазда… Поради некое непишано правило, сите суперхерои имаат темна страна од која најчесто ја црпат својата сила и без која не би биле тоа што се, дури и ако сè уште ги поседуваат способностите. Звучи малку монотоно и здодевно, се согласувате?

Тоа што најмногу ми се допадна кај Iron Fist, односно Дени, е фактот што тој нема темна страна. И да, тоа е сосема логично со оглед на тоа што бил одгледан од група монаси според будистички учења. Гледањето на оваа ТВ серија за мене беше кусо, но задоволително бегство од реалноста (сите епизоди се достапни на Нетфликс) што ме наполни со позитивна енергија. Дени живеел 15 години во еден сосема поинаков свет, недопрен од злото на модерното човештво, па затоа и делува толку невино и искрено. Иако неговите моќи поттикнуваат страв и трепет, сепак во основата тој има добро срце, и кога би можел да бира, секогаш би ја одбирал втората опција наместо битката. Ова е добра лекција на која сите ние треба да се потсетиме. За љубителите на Daredevil, Jesica Jones и Luke Cage – Iron Fist е последниот Бранител, односно Defender на Њујорк, па очекувајте набрзо и спојување на сите овие карактери во ТВ серијата The Defenders!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s